Најголемата македонска телекомуникациска компанија, објави дека од 26 септември ќе започне со исплата на дивидендата за 2023 година. Како што стои во соопштението на Македонска берза, компанијата, Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2023 година и утврдување на дивиденден календар го усвоила на мајското Собрание. 

 

Како што е наведено во Одлуката, Македонски Телеком АД -Скопје информира:  Вкупниот бруто износ определен за дивиденда  изнесува 2.212.067.762 денари, односно 35,97  милиони евра. Практично секој акционер со право на дивиденда ќе добие бруто по  25,65 денари по акција со сите даноци.

Право на дивиденда, според соопштеното, имаат сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком 12.7.2024 година.

„ Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10.07.2024 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 11.07.2024 година. Исплатата на дивидендата ќе почне на 26.9. 2024 година“, се наведува во соопштението.

Според процентот кој го поседуваат во акции најголем дел од парите ќе одат за „Дојче Телеком“ односно неговата фирма „Камени мост комуникации“ која е всушност доминантен акционер со 55 проценти од акциите. Кај него ќе завршат повеќе од 19,8 милиони евра во бруто износ.

Државата е втор по големина акционер со 35 проценти од акциите. Таа ќе добие дивиденда во износ од повеќе од 12,6 милиони евра бруто. Но тоа не е се. Таа ќе се опари со дополнителни 3,6 милиони евра по даночна основа (задршка за компаниите и персоналецот за физичките лица). Вкупно, сума сумарум македонската држава ќе прибере од Телеком над 16 милиони евра.

Инаку во Во Телеком има о повеќе од 3.300 акционери, домашни физички лица. Ним им остануваат за распределба бруто 720.000 евра. Практично бруто износот на дивиденда по акција е 25,65 денари, односно во нето износ по платен данок секој акционер ќе добие 23 денари за секоја акција со право на глас која не е во сопствен откуп.

Единствен акционер што нема да добие пари е токму Македонски телеком. Компанијата поседува 10 отсто од акциите во сопствен откуп. Но, согласно со нашето законодавство сопствениот откуп не дава право на дивиденда.

Како што објави македонски Телеком дивидендата ќе започне да се исплатува кон акционерите од 26 септември.