Македонски Телеком со зголемена добивка во првите три месеци од годината. Растот и позитивните резултати особено доминираат во сегментите за интернет и телевизија. Приходите од продажбата се зголемени за 2,6 отсто и изнесуваат 2.686 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 13,1 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Македонски Телеком со зголемена добивка во првите три месеци од годината

-Следствено на тоа EBITDA маргината во првите три месеци од 2021 година изнесува 43,7 проценти. Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) за првите три месеци од 2021 година е зголемена за 34,6 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Како резултат на двежењата на страната на приходите и трошоците нето добивката за првите три месеци од 2021 година изнесува 466.376 илјади денари. Таа е зголемена за 48,9 отсто во споредба со истиот период од претходната година, стои во образложението за тримесечното работење на Македоснки Телеком АД Скопје објавено на Македонска берза.

Цврста лидерска позиција на ТВ пазарот


Според образложението,  Македонски Телеком ја задржува лидерската позиција со 34 отсто удел на ТВ пазарот. Во првите три месеци  бројот на корисници е зголемен за 4,3 отсто. Со тоа базата на корисници изнесува 143,3 илјади. Како резултат на овој тренд, зголемени се и приходите од дигитална телевизија за 4,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Мобилни услуги зафаќаат 47,9 отсто од паарот


На пазарот на мобилната телефонија МКТ има удел на пазарот од 47,9 отсто (интерна проценка). Базата на претплатници на крајот од првите три месеци од 2021 година изнесува 1.089.000 претплатници. Таа е намалена за 8,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни услуги (малопродажба) како и неговорни услуги (малопродажба) во првиов квартал од годинава бележат благо намалување од 0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Намалувањето главно произлегува од намалувањето на приходите од говорните услуги односно намалувањето на при-пејд сообраќајот. Но, и поради намалените приходи од роаминг заради  пандемијата како и дополнителното намалување на цените од 1. јули 2020 година со земјите од западен Балкан. Активност која е во согласност со измените во регулативата во делот на говорните услуги во роаминг во рамки на Балканските земји. Тоа пак се компензира со зголемувањето на бројот на пост - пејд претплатници.

Од друга страна има зголемување на приходите од неговорни услуги, главно како резултат на зголемени приходи од СМС пораки.

Приходите од говорни услуги – големопродажба во овој период бележат зголемување од 10,4 отсто во однос на истиот период од претходната година. Главно заради зголемениот мобилен сообраќај компензиран со намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација.

Комбинираниот ARPU (просечниот приход по корисник) од говорни и неговорни услуги бележи зголемување од 10,8 отсто во споредба со истиот период лани. Односно, достигна 380 денари главно придвижен од зголемувањето на учеството на пост-пејд претплатниците во вкупната база на претплатници.

Водечка озиција во фиксната телефонија


МКТ успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 62,2 отсто (интерна проценка). Всушност има 222.000 корисници на крајот од првите три месеци од 2021 година.

Приходите од говорни услуги од малопродажба во овој анализиран период во фиксниот сегмент се намалени за 1,9 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Пред се поради намалениот појдовен сообраќај за 1,5 отсто, како и намалениот меѓународен дојдовен сообраќај.

На крајот од првите три месеци од оваа година бројот на корисници на фиксна телефонија (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) бележи зголемување за 2,7 отсто споредено со истиот период од претходната година.

Продолжува позитивниот тренд во интернет сегментот


Трендот на сè поголема побарувачка на интернет го зголеми бројот на корисници на широкопојасен интернет за 6,4 отсто. Така што уделот на пазарот изнесува 50,2 отсто или 193,1 илјада корисници во првите три месеци на 2021 година. Позитивниот тренд влијае и на вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет којшто е зголемен за  пет отсто во споредба со истиот период минатата година.

Континуиран раст на оптичката мрежа


Остануваме посветени на ширењето на оптичката мрежа, којашто е основа на дигиталното општество. Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 227 илјади пристапи до оптика. Тоа е за 12,9 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. За да ги задоволиме барањата на корисниците за брза и стабилна мрежа постојано инвестираме во мрежата. Досега е инсталирана оптичка мрежа во должина од 6.900 километри на територијата на целата држава.

Инвестициите во оптичка мрежа којашто овозможува големи брзини и пренос на податоци ќе останат приоритет на нашиот тим и во наредниот период. Остануваме посветени на одржувањето на капацитетот на мрежата и на најбрзиот и најбезбеден интернет пристап за непречена комуникација и поврзување на корисниците.