
Кој сега ќе чека 16-ти август!? Па тоа се уште 40 дена! – вели еден пријател, и објаснува дека толку е останато до објавување на новата книга на белградскиот писател Марко Видојковиќ, херој на новата генерација, едноставно насловена „КОВИД 19+“. За што станува збор?
- Со години пишував текстови за порталот „Бука“ од Бања Лука. Кога пандемијата дојде во Србија во март 2020 година, брзо стана јасно дека одиме кон масовна несреќа, една од оние во кои традиционално слабо се согласуваме. Со воведувањето на вонредната состојба, класичните колумни и сатирични текстови веќе немаа цел, обем или сила потребни за да се опише лудилото во кое се најдовме...Јас цела есен и зима не напишав ништо освен приказни. И тогаш сфатив дека имам збирка. Па, најпосле - благодарам на овој ретардиран народ и корумпирана власт. Се надевам дека нема да има продолжение – напиша Марко Видојковиќ во воведот на книгата.
Марко Видојковиќ e автор преведуван на многу јазици, меѓу кои и македонскиот: „Ѓубре“, „Приказни со дијагноза“, „Ѓаволот е мојот другар“, „Господ да ти помогне“, „Канџи“, „Сите Црвенкапи се исти“, „Е, баш ви фала“, „Пикавци на плажа“, „Танцот на ситни демони“ се наслови по кои го паметиме.
„КОВИД 19+“ на Марко Видојковиќ е лексикон за иднината на Србија, иднина што веќе се случи, само мнозинството сè уште не го гледа тоа, затоа што тој минува низ животот со затворени очи. Безнадежното занемарување е природна состојба во која луѓето живеат во Србија. Насловот „КОВИД 19+“ е игра на зборови: марКОВИДојковиќ...
- Во таа гужва на земјата нормално е младите генерации да не знаат што се новинари, дека фабричките работници носат пелени, а малкумина да се сомневаат дека планетата е рамна плоча... Мажите да раѓаат деца, сатанисти да јадат бебиња, со вакцини да го чипираат населението.
Пациентите се лекуваат во пекари, надрилекари препишуваат дрога, наместо лекови. Се е целосно уништено, па победникот од Калемегдан го смени своето место со Стефан Немања, а пред тоа двајцата малку уриваа во Белград.
Цела Србија е претворена во азил, од каде нема каде да избега, освен во лудило. Кругот е затворен. Времето застана. Горе на небото, сè уште има седница со која претседава самиот Бог, а српските светци доставуваат извештај за својот уништен народ – стои во најавата за делото, збирка раскази, кое традиционално го објавува белградска „Лагуна“.
Во критиката за „КОВИД 19+“ писателот Драган Великиќ напишал:
- „Добредојдовте во светот на Марко Видојковиќ! Таму сте дома“.
Во најавата за делото, пак, писатеот Филип Давид напиша:
- Во поднасловот на оваа збирка раскази, би можело да стои: Ѓаволски приказни. Во својот елемент, Марко Видојковиќ е провокативен, параноичен, ироничен, богохулен во опишувањето на општиот хаос и конфузијата, превртеното време на пандемијата што нè полуде сите.