Мачките, според митологијата, имаат девет животи, а потоа веројатно исто толку и родендени. Меѓународниот ден на мачките беше одбележан месецов, на 17-ти февруари, но, нивните датуми се резервирани и во август, октомври, март...

Сепак, најкраткиот месец во годината за мачките и мачорите особено важен, затоа што потоа следува нивното прво зближување или парење по зимскиот распуст. И додека човекот најмногу се жали дека нема време за љубов поради работа и разни грижи или нема да го признае тоа, затоа што, наводно, е резервирано за млади луѓе, мачките уживаат да се заведуваат едни со други. Со своите постапки тие потврдуваат дека најубавата љубов е во февруари.

Секоја мачка ги користи февруарските денови на свој начин и со мјаукање го најавува будењето на природата и доаѓањето на пролетта.

Постои уште еден феномен, особен само за мачките. Тоа е нивниот сон. Кој имал мачка или бил во близина на мачка повеќе од 30 минути, веројатно знае како спие таа. Мачките спијат меѓу 14 и 16 часа на ден. Дали нивното грчење во сон значи дека мачките сонуваат. Да, тие сонуваат! На крајот на краиштата, луѓето не се единствените животни кои сонуваат.

Исто како кај луѓето и сите други цицачи, циклусот на спиење кај мачките вклучува фаза на брзо движење на очите (РЕМ), состојба во која се случуваат соништата. Научниците веруваат дека, како и кај луѓето, соништата на мачките се состојат од активности што се случуваат во нивниот секојдневен живот: лов, игра и слично.

Истражувачите на соништата на мачки не се целосно сигурни какви бои можат да видат мачките кога ќе се разбудат. Некои научници мислат дека мачките гледаат само во сина и зелена боја. Други веруваат дека мачките исто така можат да перцепираат и жолта боја. И во двата случаи знаеме дека мачките не ги гледаат боите јасно како луѓето. Тоа е затоа што човечките очи имаат околу 10 пати повеќе конуси, рецептори на светлина во мрежницата, кои ни помагаат јасно да ги видиме боите.

Не постојат цврсти докази за ноќните кошмари на мачките, но многу од нивните сопственици тврдат дека нивните миленици некогаш се бидат запрепастени и исплашени.