Семејната приказна на земјоделката Ана Лабор започнала предп повеќе од 60 години кога нејзините предци ја купувале земјата и почнале да се занимаваат со производство на јаболка. Во моментов, Ана, нејзината сестра и мајка се петтата генерација на производители кои продолжуваат со работа со оваа дејност. 

Во 2018 година,започнале со диверзификација и фармата ја насочивме повеќе како туристичка дестинација. Сите гости кои доаѓаат да можат да ја видат нивната работа. Односно, да бидат земјоделци на еден ден, сами да си соберат овошја, да вкусат и прекрасна храна. 

„Почнуваме да бидеме препознаени, оваа година имаме најмногу гости и сме букирани до крај на сезона и тоа се должи на нашата женска креативност и упорност. Кај нас сите уживаат - почнавме бидејќи јаболкопроизводството не е доходовно и мораше да го зголемиме приходот да ги одржуваме насадите. Наши се пет хектари површина. почнавме со фармата да биде отворена за посетители.

Последната година започнавме и со производство на домашно производство. Продажба од куќен праг. Сето тоа позитивно влијае на нашата фарма и бизнисот“, вели Ана Лабор.  

Јаболкоберот во Преспа започнува на 27 септември и таа традиција се одржува веќе  80 години. Тоа е денот кога се откинува и првото јаболко. Лабор е генерално задоволна од овоштарникот, иако ја загрижува тоа што приносите се намалени до 80 насто. 

„Тоа дојде како последица на климатските промени, во пролетта имавме премногу дожд и тоа негативно се одрази врз производството на јаболка. Минатата година цената на јаболкото беше многу ниска и земјоделците имавме мали приходи и сето тоа влијае врз одржувањето на овоштарниците за оваа година. Јаболкото треба да биде чувано на ладно. Минатата година продававме јаболка и во февруари месец и покрај тоа што магацините не ни се ладилници. Бербата ќе трае до крај на октомври“, вели Лабор.  

Во Преспа најмногу има ајдарет. Тој се рачуна како индустриско јаболко. Но, во Преспа јаболкото се одгледува како конзумно. Покрај ајдаретот има и други сорти - луцу, златен делишес, кожарка, а последните година има и гала и сочи. 
Сите сорти имаат добра цена. Годинава започнавме со продажба со 30 денари за килограм црвен и златен делишес и кожарката. Ајдаретот е најефтино јаболко 20 денари килограм на големо. 

„Ние како земјоделците не ги извезуваме јаболката, има тровски компнии и им ги продаваме на нив, тие наоѓаат пазар и ги продаваат во странство“, објаснува Лабор. 

Се жали дека секоја година е се потешко, и покрај тоа што дневницата за сезонските работници расте. Она што со години е проблем е покрај намаленото производство на јаболка во Преспа, се соочуваат и со проблем да најдат берачи.