- Како се ангажираат агенциите од страна на корисниците на нивние услуги?
· Услугите на приватните агенции за вработување се бараат и од приватниот и од државниот сектор на тендери. Меѓу државниот и приватниот сектор начинот на барање и користење на нашите услуги е различен. Државниот сектор ангажира приватна агенција за вработување преку единствениот критериум, а тоа е најниската цена на услугата. Значи во државниот сектор не важат другите критериуми, како избор на агенција што може да даде поквалитетна услуга. За жал, кај нас се сфаќа дека ангажирањето на агенцијата е само техничка обработка на податоци или подготвување на платата, а не спектар услуги, како ангажирање лица, промовирање на слободни работни места и др. Со изборот на агенција со најевтина понда не можат да се добијат тие дополнителни услуги, а тоа се органиирање на патувањата, аналитика на вештините и на задоволството на работникот, едукативни процеси и нормално дека сите тие услуги се посебни.
- Занчи, не секоја агенција нути исти услуги?
· Секоја агенција има право да одлучува дали некои работи ќе ги работи само технички, или ќе понуди целосен спектар услуги, како наоѓање кадар и негова подготовка, негово воведување, проценка на работните места итн.
- Какви се барањата на компаниите од приватниот сектор?
· Приватниот сектор бара дополнителни услуги, како што се наоѓање кадар, проценка на работното место и потребите на тоа работно место за да одбере соодветен кадар. Многу битна работа е воведувањето на кадарот во работниот процес, затоа што не се само – „еве ви го, па вие правете што сакате“, туку треба да го воведете, да го запознаете со процедурите, со културата, со начинот на функционирање на одреден клиент, кои се неговите задолженија и натамошно следење на развојот на кадарот – работата, задоволството...за тој кадар да не си отиде. Затоа, ние, со компаниите од приватниот сектор сме многу поотворени во комуникацијата. Во државниот сектор е построго, позатворено. Изборот на кадарот е по сосем друг систем – ние немаме ингеренции во изборот на тој кадар, значи извршуваме одредена техничка ситуација. Во државниот сектор (некое министерство или јавна институција) постојат и злоупотреби во одос на неспроведување на одредени правила од Законот за работни односи, за редовната исплата на платите, на пример. Тоа значи дека некогаш не се исплаќаат К-15, одредени саатнини итн. Со тоа навелгуваме во некои процеси кои натаму се трудиме да ги решиме спогодбено, но ако не можеме спогодбено, мораме да покренеме судска постапка. Тие процеси можат да траат со недели, со месеци, па и со години. Тоа ја исрпува агенцијата, а агенцијата не е должна да плаќа пенали. Во Законот за работни односи има јасно определени членови во кои стои дека работодавачот-корисник се казнува со одреден паричен износ, а казните ги спроведува Трудовата инспекција, по пријава на работник или од страна на агенцијата. Се трудиме тој момент да го избегнеме максимално, но ако сме приморани мораме да поведеме таква постапка. Најбитно е да се согледаат сите потреби на правниот субјект, без разлика на тоа дали е јавно претпријатие, министерство или приватна компанија и врз база на тоа да се направи одреден повик. Тој повик во јавните институции се спроведува преку тендери на кои конкурираат повеќе агенции кои имаат можности да извршуваат такви задачи. Агенциите се поделени по лиценци – А, Б, В, и Г, според кои можат да учествуваат на тендери со ралична тежина.
- Дали е поволна околноста тоа што тендерите за услугите за вработување се постојано отворени?
· Да, има постојано објавување тендери во цела Македонија, агенциите имаат законска можност да работат на целата територија на земјава. Но, не секогаш агенциите учествуваат на секој тендер. Таму кај што ќе процениме дека таа компанија нема добар бонитет – не учествуваме.
- Зошто вас ве засега бонитетот на една компанија?
· Затоа што ние имаме давачки. Ако одреден правен субјект не исплати плата, ние сме должни тие плати да ги исплатиме. Дали ние ќе се снајдеме со банкарски кредити или со наши средства, или ќе позајмуваме... секогаш тоа е на товар на агенцијата.
- Каде има поголема дисциплина во редовната исплата на платите, во јавниот или во приватниот сектор?
· Во приватниот сектор постои многу поголема дисциплина, компаниите исплаќаат на време, затоа што се свесни за недостигот на работна сила во Македонија и во регионот, во Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Босна и Херцеговина, Хрватска Словенија... ситуацијата е многу слична.
- Официјалната статистика вели дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 40 496 денари. Дали е тоа реално и од каде се вади тој просек?
· Таа бројка се вади од платите во поразвиените индустрии и од платите во државниот сектор. Останатата популација, која е многу побројна, реално е далку од тој просек. Платите во поголемиот дел од компаниите се многу ниски, а да не зборуваме за платитие во помалите градови. Освен тоа, инфлацијата постојано ги нагризува и огромен дел од населението се наоѓа на работ на егзистенцијата. Тоа е една од причините за иселувањето на населението. Македонските градови се празнат со неверојатна брзина, но истото се случува и во соседените земји. Се разбира дека причините за иселувањето не се само платитие, туку општите животни услови и функционалноста на државата – услугите на катастарот, потоа личните карти, пасошите, документи за осудуваност-неосудуваност, банкарски услуги, нефункционалноста на елекронските системи при постоење министерство за информатичко општество. Македонија мора да биде целосно дигитализирана за да може да финкционира многу полесно.
- Со какви тешкотии се соочуваат агенциите во ангажирање кадар во вакви околности?
· Агенциите се соочуваат со огромен проблем на работна сила. Но, со тој проблем се соочуваат и сите компании од сите идустриски гранки. И тие се обидуваат по безброј канали, финансирање реклами, да привлечат работен кадар. Повеќе од 10 години алармираме дека има недостиг на работна сила, на што треба да се работи системски. Сме се обратиле неколку пати до Министерството за труд и социјална политика и до Агенцијата за вработување, затоа што тие се едни од факторите за одлучување за носење работна сила од надвор. Во една пригода ни беше одговорено дека на приватните агенции за вработување не може да им се дозволи да внесуваат кадар од други земји. Несфатливо е зошто на приватните агенции не им се дозволува внесување кадар од други замји кога сите стопански гранки имаат огромна потреба од кадар, како на пример туристичко-угостителскиот сектор, производството на храна и сите други. При толкав недостиг на работна сила да наидуваме на таков однос, за нас е сосем нелогично и несфатливо. А, ние сме регистрирани во Миистерството за труд и социјала, тесно соработуваме со државата, со трудовата инспекција, укажуваме на сите недостатоци, па имаме право да очекуваме државата да има разбирање за нашата работа. За жал, таа на нас гледа од поинаков ракурс: „вие сте некој приватен сектор, тендерски агенции“ што е дискриминирачко и навредливо етикетирање. Државната агенција за вработување е под строга контрола на Министерството за труд и социјала и тоа дозволува, или не дозволува, во зависност од неговите лични процени или процеси кои нам не ни се логични до ден денес.
- На кој начин се увезува работната сила од странство, дали работниците сами доаѓаат во Македонија, или постои некој разработен канал за доаѓање?
· Имаме соработка со агенции и организации од одредена држава. Ако се работи за работници од Непал, на пример, ние мораме да најдеме соодветна организација која ќе ни понуди квалитетна работна сила. И таа агенција од таму има интерес да има заработка, значи таа соработка се заснова на интерес. Но, можам да кажам дека цената на работната сила во земјите со висок годишен процент на раст на БДП веќе не е ниска, кинеската и турската се многу скапи. Се работи за стручни и исполнителни луѓе. Поевтини работници се од Индија, од Непал итн. Ние, при изборот на работната сила, предвид го имаме и нивниот начин на живот, навиките и односот кон средината во која доаѓаат. Трошоците за тој трансфер се огромни, треба да му најдете сместување, треба да истрчате за средување на неговата документација. Но, ако направите правилен избор, тогаш ги елиминирате останатитие ризици. Трошоците за сместување се на товар на компанијата. Ние се грижиме да донесем што е можно поквалитетн кадар во интерес на државата и на економијата. Во спротивно се нанесува штета на државата, а и ние како агенција би имале огромана штета во однос на неисполнување на обврските кон одреден клиент. Нас не интересира да имаме долгорочна соработка со приватниот сектор, а не еднократна и да си ја затвориме вратата за соработка и за егзистенција. Министерството за труд и социјална политика не го препознава тоа, не’ држи на страна и не знаеме зошто е тоа така, се надеваме дека тоа ќе се смени во иднина.
- Што значи тоа „држење на страна“?
· Според Законот за приватните агенции за вработување, ние немаме пречка за работење. Тоа што го добиваме како одговор е кратко без образложение: „нема да добиете дозвола за тие лица да влезат да работат кај нас“, иако нема никаква заонска пречка, ни забрана. Во дискусиите сме им кажале дека можеме да направиме некое трговско друштво и да донесеме работна сила во Македонија, но тоа е заобиколување на Законот. Ние при донесен Закон за приватни агенции за вработување, според кој агенциите тесно би требало да соработуваат со државата, да работат на подобрување на сите услови во однос на вработеноста, во однос на поддршката на институциите и на приватниот сектор, не сакаме да бараме дупки во законите за да опстанеме.
- Дали се знае колкав е процентот на увезената работна сила од другите земји во Македонија?
- Тоа е многу малку, дури не може да се изрази во проценти.