Во светот на луксузот, шампањот стана многу повеќе од пијалaк за специјални пригоди. Потрошувачите се повеќе купуваат престижни шишиња со намера да ги чуваат и конзервираат, наместо да ги консумираат. Пазарот на престижни шампањи постојано расте, па дури и за време на глобални кризи.

Шампањ 50, што е дел од индексот Liv-ex Fine Wine 100 – најпознатиот показател за движењето на цените на фините вина и шампањите – во одредени периоди оствари поголем раст од индексот на злато. „Забележа драматичен раст помеѓу август 2021 и октомври 2022 година, при што порасна за 60,4 проценти. Оттогаш падна за 29,9 отсто, но сè уште е на високо ниво“, објаснува Том Бурчфилд, главен пазарен аналитичар на Liv-ex, водечката светска платформа за анализа на пазарот на вино, за Bloomberg Adria.
Тој наведува дека шампањот во 2024 година учествувал со 11,6 отсто од вкупната трговска вредност, зацврстувајќи ја својата позиција како трет најважен вински сегмент по вредност, веднаш зад Бордо (36,4 отсто) и Бургундија (22,7 отсто).
Доколку уживате во звукот на меурчињата во чаша и во свечена атмосфера која ја носи шампањот, дознаваме кои брендови нудат најголема вредност - како во чашата исто така и на сметката во банка.
Бурчфилд објаснува дека на пазарот на шампањ доминираат брендовите на Grandes Marques како што се: Louis Roederer и Dom Pérignon. Меѓу нив, Louis Roederer Cristal 2015 е на врвот како водечки шампањ во однос на вредноста и обемот на трговијата. „Последната забележана продажба на овој шампањ изнесуваше 3.380 фунти за кутија од 12 шишиња“, вели Бурчфилд, додавајќи дека ова се однесува за секундарниот пазар. За редовна продажба, тој го препорачува шампањот од бербата од 2012 година, првиот со сертификат за биодинамичко производство, чија цена е 345 долари.
Дом Перињон (Dom Pérignon), исто така, забележува константно висок обем на трговија, при што шампањот од бербата од 2013 година е најбаран оваа година. „Овие брендови произведуваат и трошат големи количини, што ги прави да бидат една од најликвидните вински категории на пазарот“, истакнува Бурчфилд.
Меѓу безвременските класици е и Krug Vintage Brut 2006, омилен меѓу љубителите на шампањ. Во текот на последните пет години, цената на пијалаците од бербата од 2006 година се зголеми за 57 проценти. Но и понатаму има релативно поволна цена од околу 400 долари, што е половина помалку од цената на нешто подобро оценетата берба од 2008 година.
На шампањската сцена, посебно внимание привлече Арман де Брињак (Armand de Brignac), попознат како Ace of Spades, Shawna Cartera – Jay-Z, кој ја прошири понудата на винтиџ шампањот. Премиум етикетата Blanc de Noirs Vintage 2015 се продава за 3.400 долари, исклучиво во магнум шишиња од 1,5 литри. Произведени се само 1258 шишиња, што ја прави цената одраз на нејзината реткост.
Шампањите Armand de Brignac во стандардни големини обично чинат од 300 долари па нагоре, додека шишињата магнум често се користат за прослави.
Vintage Rare Brut Millésime, помалку познато пенливо вино претставено во 1976 година, привлекува се поголемо внимание. Винската критичарка Елин Мекој од Блумберг истакнува дека цените на постарите берби постојано растат, со оглед на тоа што се реализирани само 12 берби. Едицијата од 2008 година може да се најде за 175 долари.
Инвестирањето во шампањ датира од 18 век. Доколку ве интересира кои се најскапите шампањи, Bloomberg ја носи листата и интересните факти кои ги придружуваат.
Најскапите шампањи во светот
-Брут шампањ Goût de Diamant -1,5 милиони евра- Рекордна цена главно поради 19-каратниот дијамант поставен на плоча од 18 каратно злато. Самиот шампањ е исклучително луксузен.
-Rosé Dom Pérignon Golden Edition 1996 година (8 литри) - 41.159 евра. Произведени се само 35 шишиња. Се смета за најскапиот шампањ кој се служи во британските барови.
-Потонатите шишиња Veuve Clicquot од 1841 година -30.000 евра. Пронајдени во истиот бродолом како и шишињата Juglar, Veuve Clicquot од 1841 година е најскапото шише во оваа колекција, а воедно и најстарото во светот.
-Потонатите шишиња cuvée Juglar, околу 1820 година- 24.000 евра. Во остатоците од потонатиот брод од 2010 година во Финска биле пронајдени 168 шишиња шампањ.. Овие речиси 200 години стари шишиња денес се сметаат за едни од најисклучителните во светот.
-Колекција Круг 1928 година -18.700 евра - Оваа колекција се смета за еден од најголемите шампањи што некогаш се произведени. Цената на ова cuvée од 1928 година постави нов рекорд.
-Mathusalem Louis Roederer, Cristal Brut 1990 година, cuvée millénium -16.580 евра. Шампањ произведен специјално за одбележување на новата деценија. Биле произведени само 2.000 шишиња, што ја прави оваа серија сè поретка и вредна за колекционерите.
- Collection Krug 1937 потпишана од Хенри и Реми Круг - 14.777 евра - Хенри Круг беше глава на познатото семејно лозје од 1977 до 2002 година. Шише од 1937 година, потпишано од браќата Круг, продадено е на аукција за оваа импресивна сума.
-Rosé Dom Pérignon од Дејвид Линч (Јеробоам, три литри) 1998 година -10.500 евра- Дизајниран од легендарниот филмски режисер Davida Lyncha.Произведени се само 10 шишиња од три литри што допринесува за неговата атрактивност.
Дом Перињон (Dom Pérignon) – 10 000 евра по шише. Тој бил еден од првите производители на вино што користел квасец за правење вино и создал шампањ со додавање шеќер во виното пред да се флашира.
Krug - 7.500 евра (по шише) - Позна куќа за шампањ, основана во 1829 година, која произведува повеќе од милион шишиња годишно.
Louis Roederer Cristal Brut (1947) - 6.800 евра (по шише) - Исклучителен куве со ноти на цитрус, цвет од јаболка, бозел и бели цветови.
Moët & Chandon Imperial Vintage (1946)- 6.400 евра - Исклучителен шампањ со ноти на цитрус, јаболка, круши и зачини. Стареење во дабови буриња 12 години пред флаширање.
Bollinger - 6.000 евра (по шише)- Една од најстарите куќи за шампањ, основана во 1795 година, со повеќе од милион шишиња произведени годишно.
Boërl & Kroff Magnum 1996 година (1,5 литри) - 4.600 евра - Малку познат луксузен бренд кој произведува шампањ со исклучителен квалитет.
Moët & Chandon Dom Pérignon Charles and Diana 1961 година -3.666 евра -Во 1981 година, по повод британската свадба на принцот Чарлс и Лејди Дијана, беа увезени последните 99 шишиња и 12 магнуми. Иако се верува дека сите шишиња биле испиени на свадбата, подоцна се појавиле некои магнуми.