Во миланскиот кварт Порта Нова, двете станбени кули дизајнирани од студиото на архитектот Стефано Боери внесоа над 800 дрвја, 4.500 грмушки и 20.000 растенија во центарот на градот, распоредени на тераси и балкони.

Симбол на урбаната иновација
Прогласена како симбол на урбаната иновација, Вертикалната шума беше опишана од самиот Боери како „куќа на дрво каде што живеат луѓе и птици заедно“. „Кога почнавме со скиците за Вертикалната шума и за време на изградбата, решивме да не ставаме никакви авторски права, бидејќи овој начин на дизајнирање е корисен за сите - за подобрување на квалитетот на воздухот, потрошувачката на енергија и подобрување на животот на луѓето од физичка и психолошка гледна точка“, објаснува Стефано Боери за BBC .
„Значи, нема авторски права и сакаме да кажеме дека сакаме да ги копираме оние што нè копирале користејќи слична технологија што ја воведовме со Вертикалната шума, односно оние што имаат дрвја високи 10, па дури и 15 метри на своите балкони. Тоа е специфична зграда која никогаш не престанува да се менува бидејќи дрвјата и ползавците растат, боите се менуваат со годишните времиња и овој ефект на постојана промена ни дава инспирација да создаваме уште подобри згради во светот. Сега имаме две слични згради во Холандија, една на која работиме во Белгија, во Египет и четири во Кина“, додава архитектот.
Во Милано, Вертикалната шума стана симбол на модерниот град, менувајќи го неговиот хоризонт, освојувајќи меѓународни награди и инспирирајќи архитекти од целиот свет. Сепак, проектот привлече и критики, особено поради неговата висока цена. Цената по квадратен метар се движи од 12 до 15 илјади евра, а трошоците за одржување за жителите достигнуваат околу 1.500 евра месечно, што ја прави Вертикалната шума луксуз достапен за побогатиот слој граѓани.
Следните проекти на студиото на Боериевото студио се обидуваат да го направат концептот поинклузивен и подостапен за семејства со средни и ниски приходи, а во Италија, покрај овој прототип во Милано, веќе се дизајнирани и изградени уште пет Вертикални шуми, чие создавање бара многу истражување и работа. „Работата на ваков вид зграда првенствено се базира на климатските услови бидејќи ако работиме во северна Кина или во Египет, во Холандија или во Бразил, секоја од овие зони има свои временски услови што влијаат на животот на растенијата. Потоа, тука се ботаничките консултанти кои избираат автохтони растенија погодни за тие климатски услови, и дури потоа започнуваме со изградба на просторот за живеење за секој од тие видови, за елата, за дабот, грмушката и така натаму. Се однесуваме кон растенијата како да се жители на зградата, како да се човечки суштества и научивме да ја користиме ботаниката како архитектура“, објаснува Стефано Боери.
Вертикалната шума- приказна во книга
Денес, десет години подоцна, Вертикалната шума е еден од симболите на Милано, а по повод оваа годишнина беше објавена книгата „Bosco Verticale: Morphology of the Vertical Forest“, која, според Боери, на забавен начин го раскажува животот на 360-те луѓе кои живеат во оваа зграда заедно со 21.000 растенија и околу дваесет видови птици, цел екосистем. Вертикалната шума е опишана како „дом за дрвја и птици, кои се исто така населени со луѓе“.
Проектот бил под влијание на многу книги и филозофски движења, како што е „Тајниот живот на дрвјата“ (2006) од британскиот биолог Колин Таџ, а цитирана е и британската научничка Џејн Гудал, која тврди дека, како што расте населението, „клучно е тоа да биде придружено со нови стимулации за воведување на природниот свет во градовите“.
Од завршувањето на Вертикалната шума во Милано, започна зелен бран на градежништво за повторно воведување на природата во градовите низ целиот свет, од Дубаи до Денвер, Колорадо, од Антверпен до Арлингтон, Вирџинија.
Се очекува работата на првата вертикална шума во Африка да започне во Каиро подоцна оваа година. И покрај критичарите кои се сомневаа во концептот, постојат и други примери за ваков вид зелена градба, како што е вертикалната шума Трудо во Ајндховен. Станува збор за проект за социјално домување каде што киријата е ограничена на 600 евра месечно.
Вертикалната шума во Милано претставува нов пристап кон изградбата на повеќекатници каде што дрвјата и луѓето живеат заедно. Станува збор за архитектонски концепт кој ги заменува традиционалните материјали на урбаните површини.