Милијардерите во Европа годинава побогати за еден трилион долари. Богатството на милијардерите во Европа се искачи на три трилиони долари, откри „Форбс“. Најбогатите во светот се чини останаа главно заштитени од финансиската штета предизвикана од пандемијата на коронавирусите.
Форбс штотуку ја објави својата листа на Светски милијардери во 2021 година, која содржи 628 европски милијардери, за разлика од 511 претходната година. Всушност на листата на милијардери на Форбс за 2021 година има 117 милијардери повеќе од претходната година. Како група, тие се побогати од пред една година за еден трилион долари. Односно, нивното вкупно богатство достигнува дури три трилиони американски долари, пишува Форбс.
Од ова е јасно дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не биле особено погодени од короната. Напротив за нив пандемиската година е профитабилна.
За да ја пресмета и формира листата за оваа година, Форбс ги користеше цените на акциите и девизниот курс од 5. март 2021 година.
Да потсетиме, бројот на милијардери во светот порасна за дури 30 отсто според годишниот извештај на престижното деловно списание Форбс. Сега има 2755 од нив, од кои 493 се нови членови на овој елитен клуб. Скоро 90 отсто од нив денес се побогати отколку што беа пред пандемијата.
Вкупното богатство на милијардерите се зголемило за дури осум трилиони долари минатата година. Сега изнесува околу 13 трилиони американски долари, се вели во извештајот на Форбс.
Милијардери на врвот на светската листа
Најбогатиот Европјанин, Бернард Арно, е сопственик на Луј Витон, Кристијан Диор, Хенеси...
Додека најбогатиот човек на светот, повторно е основачот и извршен директор (иако годинава ќе се повлече од таа позиција) на гигантот за онлајн шопинг Амазон, Џеф Безос. Неговото богатство се проценуваат на над 177 милијарди долари - 64 милијарди долари повеќе од минатата година.
Втор најбогат (до неодамна прв) е Елон Маск, основач, извршен директор и најголем акционер (21 отсто) на производителот на електрични автомобили „Тесла“. Сега тежи 151 милијарда долари, што е за 126 милијарди повеќе од минатата година.
Третиот најбогат човек на светот и најбогатиот Европеец е Французинот Бернард Арно со семејството. Неговата корпорација LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton има околу 70 елитни брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Живанши и Хенеси. Богатството на Арно е зголемено за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.
Четвртиот најбогат човек на светот и втор најбогат Европјанин, Шпанецот Амансио Ортега. Тој е сопственик на ланецот Зара, кој е „тежок“ 77 милијарди долари - 22 милијарди повеќе отколку во 2020 година. Тој е на 11-то место на листата на Форбс.
Веднаш зад него е Французинката Франсоа Бетенкур Мејерс со нејзиното семејство. Ќерка и наследничка на Лилијана Бетенкур, која почина во 2017 година, а која беше ќерка на Еуген Шуеллер, основач на козметичкиот гигант „Лореал“. Таа е исто така најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари, што е за 24,7 милијарди долари повеќе од 2020 година.
ТОП 10 милијардери во Европа
Топ десетте најбогати милијардери во Европа вредат колективно 552 милијарди долари и додадоа 216 милијарди долари во вкупната проценета нето вредност меѓу 2020 и 2021 година.

Германија има 136 милијардери наспроти 107 во 2020 година. Вкупно нето вредност: 625 милијарди долари наспроти 447 милијарди долари во 2020 година
Додека династиите на Алди и Лидл со ниски цени на супермаркетите се на врвот на нето-вредноста во Германија, земјата исто така доби 26 нови милијардери, од кои највисоки се: Ерих Весјохан од агро-гигантската групација ЕВ; Матијас Допфнер, извршен директор на медиумската фирма Аксел Спрингер и браќата Биркенсток, Алекс и Кристијан
Европската земја со најмногу милијардери зад Германија е Русија, со 117 милијардери кои имаат вкупно богатство од 583,9 милијарди долари. Додека најбогатиот Русин, барем според официјалните податоци, е Алексеј Мордашов и неговото семејство. „Тежат“ 32,6 милијарди долари. Мордашов е мнозински и поранешен сопственик на производителот на челик „Северстал“.
Велика Британија има 56 милијардери со вкупно богатство од 213 милијарди долари, а најбогат Британец е Џејмс Ратклиф. Тој, со 17 милијарди долари (6 милијарди повеќе отколку во 2020 година) е на 117. место на листата на Форбс. Ратклиф е основач, извршен директор и мнозински сопственик на хемискиот гигант „Инеос“.
Европски милијардери по земја