Новата постава на култниот македонски состав „Мизар“ е подготвена за концерти.

Тоа на својот фејсбук профил го обзнани водачот на составот Горазд Чаповски, не откривајќи повеќе детали.

Но, според реакциите, публиката која го сака звукот на „Мизар“, со нетрпение го очекува токму тоа – концертните активности, најсилното оружје на „Мизар“.

Неодамна, „Мизар“ ја претстави својата нова песна и спот, едноставно насловена „Лузна“, во кој се користени снимките од легендарниот Андреј Тарковски.

Песната ја снимија: Горазд Чаповски (гитара и клавијатури), Зоран Тортевски (вокал“, Пеце Китановски (бас), Златко Симионски (тапани), Тихомир Јанчовски (текст) и Немања Клинчаров (акустична гитара).

Приказната за „Мизар“, која започна уште во далечната 1981 година, во годината на јубилејот, според неофицијални информации, ќе биде одбележана со повторно издавање на првите два албума на бендот на винил.