Вештачката интелигенција ќе има влијание на околу 40 отсто од сите работни места и во многу случаи ќе предизвика значително влошување на нееднаквоста, се вели во студијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Истражувањето на ММФ, како што вели директорката Кристалина Георгиева покажуваат дека во развиените земји вештачката интелигенција (АИ) ќе влијае на дури 60 отсто од сите работни места.
Во половина од овие случаи, влијанието ќе биде позитивно и ќе предизвика зголемување на продуктивноста на трудот, но во останатите случаи, АИ ќе има знаење и способност да ги извршува задачите на многу вработени, што може да доведе до намалена побарувачка за работна сила, пад на дневниците, па дури и целосно укинување на некои работни места.
Георгиева нагласува дека, според новите проекции на ММФ, само 28 отсто од работните места во неразвиените земји ќе бидат погодени од оваа технологија.
„За жал, овие земји немаат инфраструктура или знаење за да имаат корист од употребата на вештачката интелигенција, па постои опасност со текот на времето да има уште поголемо заостанување зад развиените и зголемување на нееднаквоста меѓу народите“, нагласува директорката на ММФ.
Помладите работници, како и работниците со повисоки примања, би можеле да добијат несразмерно високи плати доколку прифатат и почнат да работат со вештачка интелигенција, додека постарите и помалку квалификуваните работници ќе заостанат во приходите, покажуваат резултатите од студијата.
Директорот на ММФ нагласува дека од големо значење е сите земји да применуваат сложени социјални мерки и да спроведуваат превоспитување на лицата кои заостануваат во образованието и приходите.
„На овој начин можеме да ја направиме транзицијата предизвикана од вештачката интелигенција поприфатлива за многу луѓе и да не дозволиме натамошно зголемување на нееднаквоста во светот“, рече Кристалина Георгиева.
Земјите ширум светот се обидуваат да ја регулираат областа АИ. Претставниците на Европската унија минатиот месец постигнаа пробен договор за првите сеопфатни закони во светот кои ја регулираат употребата на вештачка интелигенција.
Европскиот парламент ќе гласа за предлог-законот за вештачка интелигенција на почетокот на оваа година, но ниту еден закон нема да стапи на сила до 2025 година. САД, Велика Британија и Кина допрва треба да ги објават своите упатства за вештачка интелигенција.