Мобилниот телефон или отпечатокот од прст и во улога на клуч. Клучот повеќе не е иднина, сега  влезната врата можеме да ја отклучиме со мобилен телефон или отпечаток од прст.

Мобилниот телефон или отпечатокот од прст и во улога на клуч

Bluetooth уредите кои неретко се користат за да ги најдеме електронските клучеви не работат ако тие клучеви во брзање сме ги оставиле на масата во домот.

Паметните брави се изум што носи олеснување за сите заборавници. Едноставно повеќе не е важно дали со себе имате клуч или не.  Вратата веќе може да се отвори со помош на телефон или отпечаток од прст.

Се повеќе паметни уреди доаѓаат на пазарот како претходници на оние кои еден ден ќе ни го олеснат секојдневието во рамките на мрежниот „Интернет на нештата“ (Internet of Things).

Додавката „паметна“ сега се однесува и на бравата. Производот „Security Smart Lock“ на компанијата „Eufy“ не се поврзува со вашата домашна Wi-Fi мрежа, така што не обезбедува далечинско заклучување кога сте далеку од дома.

Меѓутоа со помош на телефонот можете да ја отклучите вратата кога сте во опсег на Bluetooth. Вратата исто така можете да ја отворите со отпечаток од прст, користејќи тастатура или вистински клуч.

Благодарение на сензорите во бравата, вратата се заклучува автоматски кога ќе ја затворите.  Така сопственикот не мора да се прашува цел ден дали ја заклучил вратата.

Водоотпорната брава ќе издржи разни временски услови. Ќе работи беспрекорно дури и кога е натопена од дожд за време на бура.

Паметната брава од компанијата „Eufy“ работи на батерии и потребен е само шрафцигер за нивно вградување.