„НЛБ Банка“ во соработка со софтверската компанија „Asseco SEE“ направи значајни подобрувања во функционалноста на постоечката аплијација на банката, која од неодамна е достапна за употреба и на лицата со оштетен вид. Преку НЛБ м-клик, ќе можат да имаат дигитален увид во личните сметки. Паралелно, да прават банкарски трансакции, со помош на гласовниот водич. Оваа можнот засега е единствена на пазарот. А има за цел да придонесе за поквалитетен живот на лицата со оштетен вид. Доволен причина за магазинот „Анторис“ да се обрати до софтверската компанија „Asseco SEE“ со прашања за процесот на изработка на апликативното решение.

 Колку време беше потребно да се дојде до финалниот производ?

„Може да се каже дека ова беше од рангот на средно тешки задачи. Можеби навидум лесна кога станува збор за потребно време за програмирање. Но, поголемиот дел од тежината беше да се предвидат сите можни потенцијални потешкотии на кои што би наишле лицата со ваков тип на попреченост. И кои се предизвици тие би ги имале при користењето на мобилната апликација“.

 Колкав е предизвикот да се работи на еден ваков проект? Имајќи во предвид дека апликацијата ќе им биде од помош на група на граѓани, кои се уште се на маргините на општеството?

„Чувството да се работи на ваква задача беше многу поинакво, токму поради нејзината природа. До сега сме се соочувале со бројни предизвици. Но, истите имале некаков познат заеднички именител, како што е технички - програмерски предизвици за да се дојде до некое решение. Но, за сите такви предизвици, решението до сега можевме многу полесно да го верификуваме, провериме и тестираме. Во оваа ситуација почувствуваме поголема загриженост. Тоа е дали ќе успееме да во целост ги задоволиме потребите на оваа целна група на корисници.  И како апликацијата ќе биде прифатена од оваа категорија на лица. Особено ни беше важно да мобилната апликација ја задржи својата едноставност и ергономија. Како и да го задржи комплетниот сет на достапни функционалности. Без да притоа треба нешто некому да се ускрати или ограничи“.

При изработката на апликацијата, дали бевте во комуникација и со Сојузот на слепи лица, во однос на евентуални предлози или забелешки?

 „Секако, имавме поддршка и од претставници на Сојузот на слепи лица. Од таму цело време добивавме конструктивни предлози и насоки околу развојот на оваа верзија“.

 Како функционира апликацијата? Кои се' можности им се на располагање на слепите лица со користењето на апликацијата?  

„Се водевме од тоа да сите можни опции и функционалности на апликацијата ги направиме да бидат лесно достапни и на лицата со оштетен вид. Односно да тие можат во целост да ги користат сите достапни услуги и сервиси на еднакво едноставен и јасен начин. Најважниот елемент при користење на некаков дигитален уред претставува говорната програма. Така што и нашата апликација функционира со помош на оваа алатка која е потребно да се вклучи. И истата е достапна на самиот уред.

Апликацијата е прилагодена да користи вградена говорна програма со што го изговара секое нешто што ќе се допре со прстот на екранот. Со оваа апликација лицето со оштетен вид може да се движи низ целиот интерфејс на апликацијата.  Да има пристап и увид на своите сметки, да креира налози и да извршува други достапни банкарски услуги преку мобилното банкарство. Со помош на оваа апликација корисникот ќе биде подобро информиран и активно вклучен во опшественото живеење“.