Изложбата „Unforgettable. Hyperfashion“, која неодамна беше отворена во Рим, ја потврдува тезата дека модниот дизајн, освен што го збогатува нашето секојдневие, има сè позначајно влијание врз глобалната комуникација и економската структура.

„За една жена најубавата облека е прегратката на мажот кој ја сака. Во случај да немате толку среќа, тука сум јас", рекол Ив Сен Лоран. Мислата и денес е многу актуелна, пред се романтична, но современото општество се повеќе ја доживува модата како профит, начин на живот, мислења, каприци.

На крајот на краиштата, модата е женствена, затоа каприциозна и непредвидлива. Имагинативните експонати на светските брендови потврдуваат дека модата е ротација на можното, но никогаш не се враќа на почетната точка, туку создава бескрајна спирала на креативност.

„Модата е меморијална, бидејќи од една страна се потпира на минатото, кое за дизајнерите, особено за големите модни куќи, е богато наследство, неисцрпна бездна за создавање нови, идни колекции. Ова ја прави модата магична, незаборавна, безвременска. Од друга страна, модата е дел од нашата меморија. Мобилните телефони претставуваат лична модна архива“, вели Марија. Фриза.

Оригиналната улога на модата е да го покрие телото, а да ја открие личноста и социјалната припадност, но како сега стојат работите модата мутираше во откривање и на телото и на личноста. Со безумното следење на модата, вие всушност јасно ставате до знаење дека не знаете кој сте. Затоа што вистинската мода е стил, оригиналност што не позира, елеганција што зрачи и детали што вас ве оддаваат. Константа во спиралата на креативноста покрај вечниот мал црн фустан се сините фармерки.

Тексас гардеробата е безвременска, без години, неприкосновена, благодарение на комбинацијата на едноставност, изразување, сексипилност, лежерност.

Модата не е само гардероба за покривање на телото. Модата е огледало на општеството во кое живееме. Инструмент со кој комуницираме, критикуваме, провоцираме, игнорираме одредени појави во општеството. Затоа секој модел ја претставува напишаната страница на колективниот дневник кој ни открива какви сме и што би можеле да станеме.

„Memorable. Ipermoda“

Изложбата „Memorable. Ipermoda“ курирана од Марија Луиза Фриза, создадена во соработка со Националната комора за италијанска мода, главниот спонзор Fondazione Bvlgari, претставува интересната изложба, на задоволство на зависниците од модата. Изложбата е отворена за јавноста во Музеј MAXXI во Рим од 27 ноември до 23 март 2025 година. Моделите се изложени на еден кат од Музејот низ патување низ иконски фустани, незаборавни стилски креации, луксузни додатоци, архивски документи и љубопитни тематски видеа.

Модни правци

Десет години по изложбата „Белисима“, модата се враќа на истата уметничка локација за да предложи нови визии: односот меѓу модата и времето, управувањето со архивите, стратешката улога на уметничките директори во големите луксузни групи и темата за одржливост. Распоредот на изложените модели бил дизајниран да создаде дијалог помеѓу високата мода и независната мода. Според описот на модните дизајнери, секоја изложена креација со себе носи приказна, во колективен наратив кој ги комбинира креативноста, свеста и имагинацијата, оставајќи му на посетителот слободни интерпретации.