Проф. д-р Горан Ајдински – Филозофски факултет

Организација на Универзитетот, нови студиски програми, наука истражување и уметничка работа, мешународна соработка , финансии инвестиции развој. Ова го пишува професорот Ајдински во програмата за работа доколку стане нов Ректор на УКИМ. Тој смета дека Универзитетот да се развива на база на транспаретно утврдување на заедничките приоритети и ќе настојува да обезбеди што е можно поединечен развој на факултетите и институтите.  

- Компјутерско поврзување на единиците на Универзитетот во единствена комуникациска и функционална целина за праќање, размена и складирање на податоци што ќе го олесни административното работење. 

- Подобрување на универзитетските капацитети и понуди за услуги, анализи, експертизи на нарачатели од бизнис заедницата стопанстовото и јавниот сектор во државата, 

- Функционално поврзување на факултетите со со научните Институти и придружните членки на Универзитетот, 

- Основање на Универзитетски фондови и канцеларии (Фонд за поддршка на талентирани студенти и млад истражувачки кадар на Универзитетот, канцеларија за поддршка на центрите за трансфер на технологија, одделение за проекти и инвестиции. 

Главна заложба наведува дека доколку стане Ректор на УКИМ ќе биде: 

- Вработување на млад академски кадар и зајакнување на кадровскиот потенција,

 - Покачување на платите,

- Обновување и јакнење на просторните капацитети, 

- Обнова на научноистражувачката опрема, 

- Дигитализација на работењето, 

- Развој на заеднички образовни програми, 

- Подобрување на условите на вработените за професионален развој и напредок.  

„Познато е дека финансирањето на научната дејност од страна на државата со години е на многу ниско ниво. Со сите сили ќе продолжиме да се бориме за добивање на поголеми средства за истражување, но, ќе бараме и дополнителни извори како меѓународни проекти и фондови, апликативни услуги за јавниот сектор и поврзување со стопанството. Европската и свестската практика покажува дека доколку некоја земја е поразвиена толку е и поголем уделот во стопанството и индустријата во полнењето на научноистражувачките фондови. За таа цел, на Универзитетот ќе формираме посебно тело кое ќе биде мост меѓу факултетите и стопанството. Во програмата за работа на Универзитетот направен е пресек на состојбата реалните проблеми и визијата за идните развојни чекори, Подготвен сум да го вложам своето долгогодишно искуство и знаење во нејзиното остварување, вели Ајдински.

Проф. д-р Биљана Ангелова – Економски институт

Професорката Ангелова смета дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и понатака ќе ја задржи својата водечка улога во земјава, но, истовремено ќе се стреми да ги достигне најдобрите универзитети во светот. Стратешката насока за неговиот развој ќе биде насоченa кон подобрување на научноистражувачката продуктивност и извонредноста, како основа за развој на квалитетно високо образование.

Реализацијата на целите дефинирани во нејзината програма смета дека ќе доведе до поголема видливост на Универзитетот, поголема отвореност кон единиците и кон секој член на академската заедница, науката и уметноста ќе врши успешен трансфер на технологија и знаење во реалниот сектор, преку поддршка и развивање на универзитетското претприемништво.

Преку користење на сите расположливи ресурси (наставниците, студентите, лабораториите, центрите итн.) ќе се создаде позитивно опкружување во чиј центар се студентите и наставниците.

Клучните столбови на развојот и трансформацијата на Универзитетот се: наставата, науката, интернационализацијата и иновациите создадени во процесот на развој и трансфер на технологии, а со тоа и развој на универзитетското претприемништво. Отвореноста и посветеноста стануваат основен пристап во работата.

„Наставата ќе се унапредува и подобрува преку воведување на иновативни форми на настава и учење преку модернизација и унапредување на наставните програми и воведување на нови современи методи во наставата. Тоа значи проактивен пристап во акредитирање на програми кои се атрактивни и обезбедуваат поголема вработливост на студентите и вклучување на адекватни методи на настава кои можат да се протегаат од „персонализиран наставен процес и менторска работа“ на определени научни и уметнички дисциплини, до хибридна настава со внесување на елементи на „on-line настава“, интерактивно вклучување на студентите во наставата и акцент на практичната настава. Иновациите и технолошкиот трансфер на знаење кон бизнис секторот ќе бидат мост на поврзување и можност за развој на универзитетски startup компании и развој на универзитетско претприемништво“, вели Ангелова. 

Нејзините основни столбови на кои се темели визијата за Универзитетот се наставата, науката, иновациите и меѓународната соработка.

Клучни цели

- Унапредување на квалитетот на наставата и подобрување на условите за студирање на единиците на Универзитетот,

- Унапредување на научно-истражувачката дејност, зголемување на научноистражувачката продуктивност и подобрување на рангирањето,

- Интернационализација преку вмрежување и пристапување кон Европските алијанси на универзитети и промовирање на Европски вредности, што ќе биде поддржано со зајакнување на внатрешните капацитетите на Универзитетот преку формирање на Центар за поддршка на вмрежувањето со странски универзитети и други партнерски институции,

- Ориентација кон истражувања, развој на иновации и трансфер на технологии,

- Зајакнување на соработката со бизнис секторот и поттикнување на универзитетско претприемништвото,

- Дигитална трансформација и подобрување на услугите на Универзитетот кон единиците,студентите и наставниците преку дигитализација на услугите,

- Подобрување на квалитетот на наставата, со што Универзитетот ќе создава активни, креативни, компетентни, конкурентни и одговорни стручњаци кои ќе можат значајно да придонесат за развој на економијата и на општеството во целина,

- Подобрување на материјалните услови за учење и работа на факултетите,

- Вклучување на студентите во истражувачки, културни, спортски, и други активности,

- Студентите и наставата се нераздвојни делови на една целина и затоа, унапредувањето на наставниот процес и развојот на студентите се поврзани во една целина,

Проф. д-р Ратко Дуев – Филозофски факултет

За професорот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, приоритети во неговиот мандат би биле привлекување и стипендирање на најдобрите средношколци за студирање на УКИМ, капитални инвестиции за градежни работи и опрема, обезбедувањето административна поддршка за аплицирање на проекти и обуки, поврзување со стопанството за заедничко креирање на студиски програми и создавање на кадар подготвен за потребите на компаниите. Дополнително, она што го наметнува како императив во работата би биле и електронски библиотеки на научни публикации, унапредување на иновациите во научно-истражувачкта работа на УКИМ, зголемување на интернационализацијата на УКИМ, барање решенија за итно вработување на нови наставници и соработници како и зголемена поддршка на спортски и културни активности на студентите. 

Главни цели:

- Обезбедување квалитетно образование,

- Интернационализација и пристап до глобалниот пазар на знаење,

- Понуда на студиски програми базирани врз истражувања кои ќе им овозможат на студентите да стекнат солидни компетенции и да се промовираат себе си во високо-квалитетен кадар. Генерално, наша работа е да произведуваме квалитетни дипломирани студенти за пазарот на труд и високосвесни граѓани на глобално ниво,

- Стремеж Универзитетот да биде меѓу најдобрите во светот за доброто на општеството во целина, а тоа бара континуирано да се фокусираме на привлекување и задржување на најдобриот академски кадар. Тоа е нашиот билет за глобалниот пазар на знаење,

- Универзитетот да поседува модерна и атрактивна инфраструктура која ќе овозможи квалитетна средина за учење и истражување,

- Реализација на целосна дигитализација на Универзитетот и зајакнување на дигиталните вештини на кадарот и студентите,

- Етаблирање на системот за професионално усовршување, не само на наставниот кадар, туку и на сите служби за поддршка со што би добиле поголем квалитет во поддршката на наставата и истражувањата,

- Засилено работење на привлекување, развивање и задржување на академските таленти,

- Воспоставување практика за редовно следење и ревидирање на нашите студиски програми,

„Падот на наталитетот и масовните миграции на населението предизвика значително намалување на финансиите од партиципација за студирање до 35%. Сепак, преку зголемување на проектните активности, апликативната дејност, донациите и средства од буџетот за капитални инвестиции, единиците на УКИМ, секоја на свој начин, се труди да обезбеди финансии за реализација на планираните активности, како и за големи инфраструктурни зафати во сопствените згради. Но, неодобрувањето на бараните финансиски планови, Законот за трансформација на работно место, неможноста да се ангажира најголемиот човечки потенцијал на Универзитетот – студентите, долгите процедури за регистрација на меѓународните проекти, доцнењето со реализација на меѓународните проекти заради административни пречки, недостатокот од административен кадар, во голема мера го отежнуваат работењето и на овој план. Долгогодишното искуство ми дава право врз основа на реалните можности, и човечките потенцијали, да предложам програма со чија реализација, и со помош на сите вработени, ќе се обезбеди поголем развој на Универзитетот во наредниот тригодишен период, едноставно ректоратот да не биде независна и одвоена единица од факултетите и институтите, туку нивен помагател и поддржувач во сите нивни научни, наставни и проектни активности“, оценува Дуев.