Два-три дена пред „најлудата ноќ“, владата, преку својот ресорен орган, соопшти дека на земјоделците им се исплаќаат субвенциите и дека целосно им се исплатени заостанатите. „Органот“ се пофали дека е тоа историска сума и дека со тоа се враќа довербата на земјоделците кон државата. Тоа е убаво и пријатно да се чуе, ама цените си растат, ли си растат! Како е тоа можно? Па, тоа е можно само кај нас.
Секоја власт на почетокот се залетува со фалбите дека му помага на земјодлеството, но тоа од година во година само тоне. За 10 години - една третина од земјоделците ја напуштиле оваа гранка, односно ослободиле простор за увоз на поскапи странски продукти. Во 2014 имало 90 илјади регистрирани земјоделци, а во моментов има едвај 65 илјади. Бројот на сточарите на крупен добиток е исто така преполовен, па од 260 илјади грла пред 10 години, сега имаме одвај 140 илјади.
Никој од официјалните органи никогаш прецизно не го именувал проблемот на високите цени на пазарот и не кажал дали се презема нешто тој да се реши, туку само се воведуваат некакви непазарни, администратви ограничувања. Демек, никој не знае дека по нашите полиња „ораат“ македонските јаничари, или, во модерен стил – „зелената“ или земјоделската мафија. Тоа секогаш се премолчува со надеж дека „Американците нема да не дознаат“! Ниеден јаничар не е обвинет и осуден за стореното кривично дело – убиство на земјоделството и намалување на производството! А и ниеден не е ставен на „Црната листа“!
Каде се субвенциите?
Каде се субвенциите? Тие почнаа да се даваат некаде 2008 година и тогаш се постигна голем ефект. Значително почна да се зголемува бројот на земјоделци, дури некои напредуваа од земјоделци-аматери во професионалци и почнаа да живеат од тоа. Но, „чорбата“ ја намирисаа хиените и се пуштија во лов, или беа пратени од некого! Прво се обединија во монополи и покрај „живиот“ Закон за заштита на конкуренцијата, т.н. „антимонополски закон“. Малите откупувачи ги елиминираа со пари или со сила. Преработувачката индустрија се преполови. Парите за субвенциите, на земјоделците почнаа да им ги пресемтуваат во цената на производот, убедувајќи ги дека земаат субвенции и така тоа ќе им дојде исто. На пример: опткупувачите на пиперките велат: „ 11 денари ви даваме, уште два денари ќе земете од државата и ете ви ја цената – 13 денари.“ Претходно при редовниот откуп, пиперката се откупуваше по 13 денари.
Во времето на ковид-кризата, цената на лебот отиде до 60 денари, при откуп на пченицата од 10 денари, па под притисок на јавноста се симна на 30тина ден, значи можело и со таа цена да се живее, се’ друго било екстрапрофит.
Следен пример - зошто нема извоз на живо јагне? Сточарите се принудени јагнето да му го продаваат на еден откупувач-кланица по цена што тој ќе биде расположен да им ја плати итн, можеме да редиме до сабајле.
Познати се примери кога од страна на домашните набилдани „контролори“ е стопиран откупот на праската, на лубениците, на грозјето, на компирот, за откупувачи од соседните земји, кои имаат нудено задоволителна откупна цена. Но, изостреното чуло за мирисот на парите ги мотивира хиените и тој откуп да го преземаат во свои раце со само една цена! Нема друга повисока, конкутентска, откупувачите да се напреваруваат кој ќе го откупи јагнето! Каков е тој пазар на кој откупувачите се договараат меѓу себе сите да понудат иста ниска цена за да остварат што поголем профит во натамошниот тек на синџирот во трговијата и во пласманот. Така, парите од субвенциите се слеваат во џебовите на тие што го конролираат откупот. За рекетирањето на тие малку земоделци што пркнале од нивата – прашајте ги, ќе ви кажат, ако смеат! Таа шема властите си ја предаваат како штафета една на друга и покрај „големата“ политичка борба. Тоа значи дека таа борба не е за спас на земјата, туку за народните пари од буџетот.
Затоа субенциите не дадоа резултати. Тие што ги даваа, ги задушија со својата недоследност. Не’ очекуваат катастрофални статистички податоци. Показателите ќе бидат добри само за тие производители што не зависат од откупувачите, имат свои сопствени дуќани или тезги на пазарите, а тоа се мал број, не произведуваат големи количества и нивиниот производ не може да влијае на поевтунување на цените.
Така, долги години, системски се дестимулира земјоделството и сточарството, се доведува до нерентабилност и до откажување на производителите. Пред да се откажат, во знак на револт и на немоќ, тие го истураат грозјето и лубениците на патиштата, или пред капијата на откупувачите.
Се разбира дека земјоделската мафија не дејстува сама за себа. Таа мора да има и има поддршка „од горе“. Затоа изостана бобата со неа. Кој слушнал дека некој е во притвор поради наведените малверзации. Државните ограни се занимаваат со криминалот од друг вид, никогаш никој нема спомнато дека е направена истрага во шемите на земјоделските подземни канали и тунели. Нека провери државата дали во своите редови има сопственци на земјоделски фирми за откуп или за трговија или на име на нивни блиски роднини.
Во Македонија 12-13 % од населението се занимава со земјодлество. Нашето производство е далеку помало во споредба со европскиот просек. Во Европа со земјодлеско производство се зенимава 6-7% од населението, но произведува 3-4 пати повеќе од нашите 13 насто. Каде е науката? Таму државата на вистински начин го стимулира и го помага производството, затоа што знае дека во спротивно ќе се соочи со сите појави со кои се соочуваат вакви држави како нашава: узоз и високи цени – инфалција – намалување на вредноста на парите - осиромашување – ислеување – намалување на продуктивноста на сите компании...
Посегањето по храната на сопствениот народ треба да биде кривично дело од највисок ранг, како геноцидот. Да имаше вистинска конкуренција во откупот на земјодлеските производи, земоделците ќе имаа исплатливост на својата работа, а субенциите не мораа ни да се даваат, туку ќе останеа во буџетот за некоја друга намена, се разбира ако и таа биде ослободена од коруптивните пранги.
Тревата ќе си расте секоја година, дали ќе ја пасе добитокот или ќе почнеме да ја пасеме ние самите, зависи од тоа колку брзо ќе биде сотрена мафијата во земјоделството и ќе бидат спроведени сите стимулативни мерки во оваа базична животна гранка.
Затоа, на следнаа прес конференција ред би било да се излезе со вакви податоци, кој е главата на монополот во откупот, или ќе чекаме Анџгела да прошета по поле, па да ни го каже тоа?!