Меѓународен Славјански и Институт оваа среда организира интересна работилница...

- Цртаме стрипови со Здравко и Давор е петтиот настан што се организира во рамките на платформата за психолошка поддршка. Настанот е во забавниот дел на програмата на платформата. Станува збор за онлајн креативна работилница преку која ќе можете да дознаете повеќе за тајните на цртањето стрипови, а ќе можете и самостојно да пробате да нацртате нешто. Затоа, имајте молив и хартија, можеби ќе имате инспирација да направите вистинско ремек дело – велат Организаторите.

Работилницата ќе ја водат Здравко Гиров и Давор Драмиќанин.

Здравко Гиров (стрип цртач, илустратор, аниматор) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист) се движечката сила на Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови".

Нивната мисија е едукација на младите таленти за подобрување на визуелниот и наративниот дел во стрип приказните. Заедно имаат водено голем број работилници и стрип школи.

Здружението „Макстрипови“ има за цел и да помогне во промоција на домашните стрип автори, преку организирање изложби и преку издавање промотивен стрип магазин Синдром.