Пензионерите секогаш се радуваат на веститие за зголемување на висината на пензиите, тоа е разбирливо со оглед на тоа што нивниот стандард е загрозен и најголемиот број од нив спаѓаат во т.н. „ранлива категорија“ според висината на пензијата, потоа според возраста и според можностите за лекување и за сите други тешко остварливи животни потреби.

Многумина од нив не се свесни дека се голема  аморфна гласачка маса која лесно лавира според понудата на висината на пензијата од која и  политика страна да доаѓа. Таа политичка страна (странка-партија) тоа гласачко тело секогаш го има предвид за придобивање со ветување, па така и сегашната власт во предизборната кампања му вети покачување од 5000 илјади денари линеарно, што не е ниту законски ниту, економски, но на панзионерите тоа ништо не им значи - тие имаат потреба од пари за подобро и помирно да живеат.

Но, со парите секогаш е делкатно да се раководи, па и во домашнот буџет, а не со еден оргомен фонд кој се полни од придонесите на илјадници сега вработени преку сметките на нивните фирми. Не зборуваме сега за тетиот пензики фонд.

Ваквата финансиска алхемија (претурање од шупливо во празно) не остана незабележана од страна на Бретонвудските близнаци (ММФ и Светската банка). Тие деновиве побараа од власта да им се појасни како е можно и кој го измисли новиот систем на зголемување на пензиите, кога и така пензискиот фонд има огромна дупка од околу 400 милиони евра, а меѓународните експерти сметаат дека потребните пари за исплата на пензиите наскоро ќе надминат 2 милијарди евра, што е неоддржливо. За споредба држаниот буџет изнесува околу 6,5 милијарди евра, од кој се алиментира цалата државна аднимнистрација, со буџетски дефицит од 4% што во апсолутна бројка изнесува 680 милиони евра, што значи ново задолжување на државата!

На светските монетарци им е јасно дека математиката им е слаба страна на сите македонски гарнитури што се менуваат во водењето на макроекономската политика и знаат дека парите не растата на дрво, туку се создаваат во реланиот сектор, кој, според нашиот пензиски ситем, го напојува пензискиот фонд, па им прелага на нашиве да ја зголемат старосната граница за пензионирање. Нашиве не попуштаат, за да не добијат жолт картон од идните пензионери, значително гласачко тело. 

Сега, односно на први април, над 340 илјади души сегашни пензионери, го чекаат вториот дел од ветената сума за покачување од 2 500 ден, сосем оправдано, зашто власта им вети и тоа мора да го исполни!

Но, монетарците не попуштаат во забелешката дека  панзискиот фонд мора да претрпи корените реформи и да се постави на здрави економски основи, а проблемот произлегува од тоа што македонското работоспособно население се иселува, старее и се помалку пари од придонесите ќе се слеваат во него, па така се проектира дека на Фондот до 2030 година ќе му бидат потребни двојно повеќе пари за исплата на пензиите односно околу 4 милијарди евра. Од каде ќе се најдат тие пари?

Засега познат е ставот на ММФ за сценариото според кое треба да се зголеми старосната граница за пензионирање, но нашиве тврдо соопштуваат дека не се размислува ниту за зголемување на старосната граница, ниту за зголемување на стапката за пензиско осигурување, ниту пак нудат некое свое генијално решение.

Светската банка препорача враќање на моделот за раст на пензиите според цените на мало (модел што почна да го практикува претходната гарнитура, а беше суспендиран од сегашната, со цел зголемувањето на пензиите да изгледа што поголемо, не укажувајќи на ризикот од брзото празнење на Фондот. 

Дури, претставниците од ММФ побарале да знаат од каде пари за мартовскиот дел од ветеното зголемување на пензиите од 2 илјади и 500 ден за секој пензионер!

Значи, по првата исплата од ветеното зголемување, се виде дека „новиот модел“ (што не е никаков модел, туку само просто земање од маста пари на фондот и давање на пензионерите), односно пренамена на поголем куп пари од државниот буџет за санирање на недостигот во пензискиот фонд, што му ја одзема силата на државниот буџет, како главна макроекономска алатка за креирање на економскиот раст.

До 2027 Македонија ќе има 350 илјади пензионери, а сумата за исплата на пензиите ќе порасне на 2 милијарди и 25 милиони евра.

Во моментов, освен од државниот пензиски столб, има околу 180 корисници на пензија и од приватните фондови, што е многу мал број граѓани, речиси безначаен, но е показател дека одреден процент на населението ја користи можноста за уплата во третиот пензиски столб, кој е инвестиционен фонд, но и во други инвестициони фондови,.

Ако некоја држава им мисли добро на своите идни пензионери, треба да ја зајакне едукацијата на населението за користење на можноста за уплата во таквите инвестициони фондови, изборот на тие фондови, нивната сигурност и обезбедност, за што побргу да си го намали товарот што мора да го релоцира од државниот буџет што и треба и што ќе и треба за други важни развојни работи. 

Најважно од сето ова е зголемување на основата за собирање придонеси во Фондот со отворање нови работни места со зголемено вработување, со големи инвестиции, но болката е во тоа што, колку и нови можности за врботување да се отворат, во Македонија веќе не може да се најде толку кадар, ни квалитетно ни квантитетно, а инвестициите, по актуелните случувања на глобалната политичка сцена, никој не може да предвиди на која страна ќе тргнат.