„Во јануари Дениз Ричардс пиеше чај Good Nature. Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден 19.400.000 евра“, нагласи Мукаетов. Со проширување на глобалното присуство преку ново друштво во Казахстан и инвестиции во биотехнологии во Јужна Кореја, „Алкалоид“ постави нови стандарди. Годината ја одбележаа и престижни награди од Македонската берза:„Најтранспарентно котирано акционерско друштво, Акција на годината и Награда за добри ESG-практики“. Потоа, хуманитарниот хепенинг за СОС Детско село и отворањето на Музејот на „Алкалоид“ – сведоштво за осумдесет и осум години успех,“ рече генералниот директор на скопски „Алкалоид“, Живко Мукаетов, сумирајќи ја деловната година на компанијата во традиционалното новогодишно обраќање и истовремено посака среќни празници со добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања во следната година.

.Мукаетов нагласи дека токму 2024 година означува триесет години од основањето на данскиот Конзулат, чие седиште е во просториите на компанијата.

„Како компанија лидер во прифаќањето и имплементацијата на нови технологии во работењето, ќе останеме посветени на концептот за транспарентно и етичко работење, остварувајќи ги целите зацртани во нашата ESG-стратегија, насочени кон одговорно однесување спрема животната средина, заедницата и спрема луѓето пред сè“, рече Мукаетов.

Тој се осврна и на проектите за општествена одговорност на „Алкалоид“, кои продолжија и во текот на две илјади дваесет и четвртата година, на импозантниот број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, од каде собраните парични средства потоа беа донирани на организацијата СОС Детско село.

„Алкалоид во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. А како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на „Алкалоид“, кој го отворивме годинава и кој содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум годишен развој на една успешна македонска приказна,“, рече генералниот директор на компанијата.