Една интересна статистика објави Книга.мк, врзана за неодамна одржаниот Саем на книгата. Имено, на Саемот биле купени 3.022 книги избрани од 26.200 посетители. Тие пристигнаа до 850 домашни библиотеки! Значи – имало 850 купувачи.

- Овие броеви зборуваат колку силно сте вљубени во книгите и дека ова прво онлајн саемско искуство вреди да се повторува! – велат Организаторите.

Еве уште малку анализа - На врвот на најбараните автори е Мураками, помеѓу имињата на Шети, Садгуру, Миралјес и Харари...
- Но, помеѓу посакуваните страници се пронајдоа и многу други наслови, жанрови, зборови. Ние ја исполнивме нашата мисија – да ги донесеме книжарниците во вашите домови, да ги наполниме читателските полици со извонредни наслови, а читателските срца со среќа и задоволство! – велат од Книга.мк, објаснувајќи го светскиот тренд – книжарница во секој дом.