На 10 европски земји им се заканува најголема невработеност годинава. Тоа го покажуваат новите економски прогнози на Меѓународниот монетарен фонд. Тие не се оптимистички како очекувањата за растот на економската активност. Тој оптимизам, барем според проекциите на Фондот, не е придружен со позитивни очекувања кога станува збор за стапката на вработеност.
На 10 европски земји им се заканува најголема невработеност годинава
Владините мерки ширум светот го зауздаа бнкротот
Не е познато дали експертите на Фондот при пресметката дека светската економија годинава ќе има поголема продуктивност земале во предвид со колкав број на вработени ќе се постигне тој раст. Односно, дали ќе успее да постигне солидни стапки на економски раст со помал број на вработени. Овој однос, што укажува на можна поголема продуктивност, се однесува на скоро целиот свет, вклучително и на земјите од Западен Балкан.
Она што се забележува во наодите презентирани од ММФ е дека во четвртиот квартал од минатата година е забележана помала невработеност. Во Франција, на пример, стапката на невработеност се врати на осум проценти. Процент на оние кои беа регистрирани како невработени во 2019 година. Практично, статистиката покажа дека во четвртиот, во споредба со третиот квартал од 2020 година, имало 1,1 процент помалку невработени во Франција. За жал, бидејќи статистиката понекогаш може да биде погрешна, и овој пат падот на бројот на невработени е само резултат на фактот дека многу луѓе во Франција се откажаа од барање работа, поради долг период нацелосна изолација.
Всушност, реалните последици од затворањето на градовите заради пандемијата ќе можат да се видат кога државата ќе се повлече од активната и интензивна поддршка на економијата. Со многу мерки, властите ширум Европа ја ограничија штетата, но и делумна невработеност, односно одложување на банкрот и отпуштања. Како навистина стојат работите, ќе се знае, веројатно дури во 2022 година.
Високи стапки на невработеност
Според проекциите на ММФ, кризата најверојатно ќе ги погоди пазарите на труд во јужна Европа, односно во Грција, Шпанија, Србија, Италија и Хрватска. Сепак, земјите на северот, како што се Финска и Шведска, исто така се очекува да забележат високи стапки на невработеност. Исто така се претпоставува дека Франција годинава ќе има стапка на невработеност од 9,1 процент. Германија и Велика Британија веројатно ќе претрпат ограничена штета поради загубата на бројни работни места, со стапки на невработеност од 4,4, односно 6,1 проценти.

Во еврозоната како целина, ММФ предвидува стапка на невработеност од 8,7 проценти во оваа година. Тоа претставува зголемување за 0,9 проценти во однос на минатата година. Да потсетиме, во исто време, растот на БДП во еврозоната се предвидува на 5,8 проценти оваа година.
10 европски земји на кои им се заканува највисока стапка на невработеност
- Шпанија - 2020 година - 15,5% 2021 година - 16,8%
- Грција - 2020 година - 16,4% 2021 година - 16,6%
- Србија - 2020 година - 13,3% 2021 година - 13%
- Италија - 2020 година - 9,1% 2021 година - 10,3%
- Хрватска - 2020 година - 9,2% 2021 година - 9,4%
- Франција - 2020 година - 8,2% 2021 година - 9,1%
- Шведска - 2020 година - 8,3% 2021 година - 8,7%
- Украина - 2020 година - 9% во 2021 година - 8,6%
- Финска - 2020 година - 7,8% 2021 година - 8,6%
- Литванија - 2020 година - 8,9% 2021 година - 8,6 %
Во САД
Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека стапката на невработеност во САД ќе се намали, од 8,1 процент минатата година на 5,8 проценти оваа година.
Според агенцијата Блумберг, бројот на жители на САД кои побарале надоместоци за невработеност само минатата недела е 744.000. Според наводите, од почетокот на пандемијата, во март 2020 година, биле поднесени околу 84 милиони барања за надоместоци за невработеност. Тоа е двојно повеќе од вкупниот број на оние кои добиле помош за време на Големата рецесија во 2009 година.

Во Македонија -2020
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.4, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 16.4.