На „Отворен Балкан“ во Белград - 22 компании од Србија, Албанија и Северна Македонија. - Претставниците на компаниите од трите земји се од различни стопански области. Од земјоделско производство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ни треба. Овие компании со кои денес разговараме вработуваат 50.000 луѓе. Истите во моментов отвораат 50.000 работни места во регионот и се заинтересирани да одат понатаму. Тие се свесни дека оваа иницијатива навистина има смисла“, истакна претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.
На „Отворен Балкан“ во Белград - 22 компании од Србија, Албанија и Северна Македонија
Според него Србија, Албанија и Северна Македонија, од следната година можат да сметаат на една работна дозвола и единствен информациски систем за своите граѓани: „Бидејќи, иницијативата Отворен Балкан е наш процес и нешто што е клучно за опстанокот на економијата и работните места во трите држави.“
Со оваа иницијатива, Чадеж вели дека регионот добива многу добра подлога за нови инвестиции.-Странските инвеститори не посматраат само една земја, туку гледаат на целиот регион, којшто има или нема услови за соработка. Значи,иницијативата е посветена на регионалната соработка и на регионалниот економски простор“, нагласува Чадеж.
Во тој контекст претседателот на српските стопанственици вели: „Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме каде да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ги реализираме тие работни места и луѓе со кои ќе ги реализираме тие работни места“.
Тој ја повтори идејата на српскиот претседател:„да направиме соработка и да се однесуваме едни со други како да живееме една економија“. И ја поткрепи и со примери.
„Имаме превоз кој поскапува. Она што е веќе направено во рамките на Отворениот Балкан, ги скрати процедурите меѓу овие три земји, патот на камиони, стоки, кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за еден ден. Тоа навистина им заштеди пари на компаниите“, рече Чадеж.
Тој очекува дека од следната година може да се смета на единствена работна дозвола и единствен информативен систем за граѓаните на Отворен Балкан.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција” на која ќе бидат усвоени заклучоци.

Што е „Отворен Балкан”?
Иницијативата за регионална соработка „Отворен Балкан”, која ги опфаќа Србија, Северна Македонија и Албанија, ја покренаа нејзините лидери во октомври 2019 година под таканареченото име „Мини Шенген”.
Иницијативата предвидува слобода на движењето на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу трите земји.
Во јули годинава, на Форумот за регионална економска соработка во Скопје, иницијативата беше преименувана во „Отворен Балкан”.
Албанскиот премиер тогаш изјави дека лидерите и народите од регионот одлучиле да не чекаат интеграцијата на регионот да зависи од ЕУ. -Она што ќе го правиме утре во Европската унија, ќе почнеме да го правиме денес и овде во регионот, кажа Рама.
Македонскиот премиер тогаш во Скопје изјави дека економската соработка и слободата на движење на луѓе и стоки се единствената шанса за иднината на регионот. -Ова е силна волја и определба за добробит на нашите народи, за поврзување и развој на нашите економии, кажа Заев.
На презентација на иницијативата во октомври 2019 година, во Нови Сад, претседателот на Србија, изјави дека „балканските народи мора да ја земат судбината во свои раце”. -Ако се оддалечиме, нема да направиме ништо. Се надевам дека на никој во Европа ова нема да му пречи, кажа Вучиќ.
Од досегашните средби постигнати се следните договори:
– Воведено е слободно движење на граѓаните со лична карта меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
– Потпишан е договор за соработка во превенција и отстранување на последиците од елементарни непогоди.
– Потпишани се договори за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан, како и Меморандум за разбирање и соработка за слободен пристап до пазарот на трудот.
– Договорено е граничните контроли меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија да бидат укинати од 1.јануари 2023 година.
– Се планира и постепено создавање на заеднички пазар за 12 милиони луѓе, колку што жители имаат овие три земји заедно, односно создавање на „единствена економска зона