Деновиве нафтата доживеа нагло поскапување, на што веднаш реагираше и македонскиот пазар, односно македонскиот регулатор ги одреди новите цени на горивата. Цената на ЕУРОДИЗЕЛот (73,5 ден) и на другите деривати, на граѓаните со просечен животен стандард не им дава комоција на движење според желбите.
Во понделникот (13.01.2025) цената на суровата нафта на меѓународните пазари достигнаа над 80 долари за барел, најмногу поради очекувањата за зголемена побарувачка поради ниската температура што ги зафати САД и Европа.
На лондонската берза, на крајот на минатата недела барелот изнесуваше 80,47 долари. На американскиот пазар достигна 77,51 долари.
Освен стравот од ладната зима, пазарите минатата недела ги разнишаа новите американски санкции против рускиот нафтен сектор, односно се’ поголемата ограниченoст за пласман на руската нафта на светските пазари.
Во петокот америчкакснкото министерсто за финансии објави дека има воведено санкции кон руските нафтени компании „Газпром нефт“ и „Сургутнефтегаз“ како и на 183 бродови што превезуваа руска нафта и на осигурителните компании. За појаснување - зошто санкциите против осигурителните компании скапо ја чинат една економија и самите осигурителни компании? Затоа што тие, во време на воени кризи, драстично ја зголемуваат цената на осигурителните полиси, поради зголемениот безбедносен ризик, што влегува во крајната цена на нафтата.
Втора неповолна работа за пазарот и за македонската економија е што обично подигањето на цената на суровата нафта на светските берзи, се рефлектира врз курсот на доларот поради зголемената побарувачка, како меѓународно средство на плаќање на нафтата. Така на 14.01.2025 година курсот спрема денарот инесуваше 60 денари за еден долар, со тенденција на пораст.
Тоа значи дека за увоз на американски производи во Македонија ќе бидат потребни многу повеќе денари за да се купат доларите, а тоа ќе се рефлектира на домашниот пазар со повисоки цени.
Перпорака на тие што своите заштеди се мислат да ги конвертираат во одлари, да почекаат, затоа што доларот флуктуира и не е врзан со нашата монетарна политика на цврс курс кон американската валута. Сега не е време за купување долари. Но, прашање е дали наскоро ќе дојде до намалување на неговата вредност, со оглед на тековните случувања на глобален економски и политички план.
Експертите очекуваат дека глобалната инфлација ќе остане на високо ниво до 2028. година, што е долг период за македонската економија која е многу отворена кон увозот.
Стручњаците очекуваат дека просечната глобална инфлација во 2025 година ќе падне на 3,5 одсто и ќе се задржи на тоа ниво до 2028. година.
Сепак, инфлационите очекувања многу се разликуваат во различни региони во светот.
Некои, за 2025. очекуваат најниска стака на инфлација во Западна Европа од 2,1 одсто. Очекувањата за Северна Америка, Океанија и Северна Европа се нешто повисоки и се движат од 2,6 и 2,7 одсто.
Се предвидува дека регионот на Јужна Европа оваа година во просек ќе има инфлација од 3,5 насто, а регионот на Источна Европа 7,5 насто, што е над проекциите на централните банки во земјите во овие региони.
Стапката на инфлацијата во Западна Европа до 2028. ќе се врати на два проценти, во Северна Европа на 2,5 насто.
Истражувањето е спроведено од 4. до 18. декември и во него учествовале 1.398 економски стручњаци од 125 земји, објавено на на веб страницата на ИФО.
Можеме да речеме дек овие вредности се проектираат многу оптимистики, однсно со надеж дека политичката ситуација во светот ќе се смирува и дека по старите енергетски и најевтини артерии и патишта повторно ќе „протечат“ нафтата и гасот. Но, ситуацијата може драстично да се влоши ако војните не престанат и ако итно не се најде начин за ублажување на климатските промени.
Македонската економија пак ќе бележи повисока стапка на инфалција од гореспоменатитие вредности со оглед на нејзината голема увозна отвореност. Со оглед на тоа што нема решителни структурни зафати во реорганизација на стопанството, борбата со корупцијата се сведува само на ветување, за што се’ уште меѓународните набљудувачи секојдневно ни укажуваат, не е објективно да се очекува дека животниот стандар на населението ќе се подобри.