Dubai Electricity and Water Authority (DEWA) сака најголемиот соларен парк во светот да произведува 5 GW енергија до 2030 година.

Станува збор за соларниот парк наречен „Мухамед бин Рашид Ал Мактум“, којшто се вбројува како еден од клучните столбови на Dubai Clean Energy Strategy 2050 и Стратегијата за нето нула јаглеродни емисии на Дубаи (Dubai Net Zero Carbon Emissions Strategy). И двете стратегии имаат  иста цел да добиваат 100 проценти енергијата од „чисти извори“ до 2050 година.

Според јулските написи на  PV Magazine, паркот Мохамед бин Рашид Ал Мактум можеби бил смален во однос на буџетот што го објавила DEWA, ​​а во кој се наведува дека биле доделени 3,27 милијарди долари за „завршување на проектите на независен производител на електрична  енергија (IPP) во соларниот парк“, и плус две други инфраструктурни локации „во следните пет години“. Меѓутоа, откако директорот на DEWA, Саед Мухамед Ал Тајер ја посети локацијата, се навести дека 2030 година е краен рок за постигнување на производство од 5 GW енергија.

Неделава DEWA објави дека 93,3 отсто од втората фаза од петтиот проект е завршена, како и 26,3 отсто од третиот проект.

 Секоја година помалку 6,5 милиони тони јаглеоден диоксид

Најголемиот соларен парк во светот се наоѓа во Сеих Ал Дахал во Дубаи и е дизајниран да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 6,5 милиони тони секоја година до 2030 година. Соларниот парк користи низа фотоволтаични (PV) и концентрирани соларни технологии (CSP).

Во склоп на постројката се наоѓа и центар за иновации, што исто така претставува еден од најголемите центри за истражување и развој во регионот.

Работата во паркот започна во 2013 година со лансирањето на првата фаза од проектот. Втората фаза од паркот беше завршена во април 2017 година.

DEWA е основана од шеикот Мактум бин Рашид Ал Мактум во 1992 година, пренесува Klix.