Некои клучни предизвици со кои се соочува пејзажот за сајбер-безбедност на Северна Македонија може да вклучуваат сајбер криминал, недостаток на свест, градење на капацитети, небезбедност на инфраструктурата.
Според Божидар Спировски, експерт со долгогодишно искуство во сајбер безбедноста постојат повеќе ризици во употребата на интернетот, но, и начини како да се заштитиме. Спировски вели дека технологијата го менува светот начинот на кој комуницираме купуваме, учиме.
„Сајбер безбедноста е една од новите подрачја на политиките за национална безбедност важна за државите. Креаторите на политики се уште не се во чекор со технолошките новитети тоа подразбира брза реакција во правните и политичките рамки. Безбедниот сајбер простор е неопходен за граѓаните да ги уживаат своите права. Пристап до информации и слобода на изразување. Треба да се биде свесен за можностите и предизвиците. Ние изминатиот период се соочивме со кражба на чувствителни податоци, спам линкови или копање на крипто валути, разни видови на сајбер напади во македонските сајтови. Немаме метрики за да знаеме дали државата напредува во сајбер безбедноста. Потребно е да дефинираме цели, кои подоцна ќе ги мериме дали сме ги исполниле. Имав шанса да ја прочитам претходната стратегија и за жал никаде нема објавено која е исполнетоста“, вели Спировски.

Кога паметните уреди слушаат...
Во светот има над 2,5 милијарди корисници на паметни телефони, а целта на криминалците е да се инфилтираат во нив.Шарл Бодлер напишал дека најголемиот трик на ѓаволот е да те убедат дека тој не постои. Но, според Спировски, најголемиот трик на технолошките компании е да убедат дека нивните производи се бесплатни. Бидејќи, секојпат кога користиме некој бесплатен сервис ние сме тие што не продаваат некаде. Односно ние сме производот, а технолошките компании не продаваат на други компании.
„Нашите апарати кога слушаат, не се обидуваат да ги чујат нашите лични разговори, бидејќи нашите гласови варираат со различно темпо, математиката за да се претвори во нешто препознатливо е се уште тешко премногу комплицирано за овие мали уреди. Алекса уредите, Сири која е мала вештачка интелигенција, во Андроид телефоните - Гугл Плеј, потоа Андроид телевизорите наши слушаат на потполно истиот начин. Можеби и нашите автомобили не слушаат, бидејќи тие имаат камери кои гледаат не надвор туку и внатре во кабината. Сите сме се согласиле тие уреди да не слушаат, сите тие апликации на почетокот бараат да го активирате микрофонот. Еднаш кога сте притиснале „да“, компанијата вели јас легално ти прислушувам, бидејќи се сложи да ги собирам твоите информации и ќе те профилирам“, вели Спировски.
Тој Вели дека ниедна компанија нема да каже дека прави нешто незаконски.

„Кембриџ аналитика ги употреби психографските профили создадени на Фејсбук од милиони граѓани за да таргетира пораки според нивните политички и социјални погледни на светот. Личеа на новинарски текстови и личеа на пропаганда - она што го мислеле луѓето дека не е исправно, текстовите им покажуваа дека се во право. Постепено со мало влијание базирани на нашиот психолошки профил, може да се влијае многу на перцепцијата на општеството. Постојат страшни упатства за злоупотреба буквално може економски систем да биде скршен со вакви влијанија“, вели тој.
За начинот на заштита од лажни апликации посочува на неколку примери на светско ниво во последните месеци. Спировски смета дека корисниците имаат недоволно познавање и свесност, бидејќи апликациите кои се лажни се замена и изгледаат како скоро вистинска верзија на вистинската апликацијата.
„Таков е случајот со Твитер која веќе се вика „Х“, откако Елон Маск одлучи да ја ребрендира компанијата. Се менува во Епл Сторе - луѓето утредента кои сакаат да ја инсталираат веќе ја нема, а се појавува апликација која се нарекува „Х“. Тој меѓупростор додека луѓето не научат дека новата апликација се вика „Х“ и како изгледа, сите криминални групи ја искористија да напумпаат апликации кои го носат старото име на Твитер. Сите тие апликации беа нови, имаа недоволен рејтинг, бидејќи и новата апликација на „Х“ беше во таа група на малку симнувани апликации“, објаснува Спировски.
Антивируси кај телефони и јавни интернет мрежи
„Антивирусните програми немаат големо влијание кај телефоните. Полнењето на мобилните телефони по аеродроми и молови е ризично, бидејќи постојат жици како конектори. Портите за полнење не се само податочни порти. Ако се закачат кабли, вашиот телефон е ранлив, и ако не е доволно ажуриран, овој кабел може да има компјутер на другата страна кој може да го нападне телефонот. Односно да ви украде податоци или да му внесе лажен софтвер. Ако полните телефон на јавен простор, правете го тоа со кабеб на кој му верувате. Самиот кабел може да стане компјутер. Од друга страна, кога станува збор за јавните бежични мрежи беа точка на опасност. Денеска не толку. Не дека станаа побезбедни, она што не штити повеќе е енкрипцијата на сајтовите до кои сакаме да стасаме. Кога користите бежична мрежа, користете мрежа од телефон кој со најнова верзија на оперативен систем и бидете сигурно дека комуникацијата е криптирана. Така нападите ќе бидат изолирани“, вели Споровски.