Најголемите европски банки „штедат“ милијрди во даночните раеви. Водечките европски банки „заштедуваат“ просечно 20 милијарди евра годишно во даночните оази. Тоа е околу 14 проценти од нивната вкупна добивка, се наведува во најновиот извештај на Даночната опсерваторија (EU Tax Observatory ) при Paris School of Economics.
Најголемите европски банки „штедат“ милијрди во даночните раеви
Во извештајот се дискутира за активностите на 36 големи европски банки, со седиште во 11 земји низ Европа, кои подлежат на обврска јавно да известуваат за работењето во секоја земја во светот од 2015 година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на CNBC.
Според овој извештај, списокот на даночни раеви, кои поддржуваат даночна стапка од 0,0 проценти за големите меѓународни компании вклучува 17 јурисдикции: Бахамите, Бермуди, Британските Девствени Острови, Кајманските Острови, Гернзи, Гибралтар, Хонг Конг, Ирска, Островот Ман, Џерси, Кувајт, Луксембург, Макао, Малта, Маурициус, Панама и Катар . Од овие територии, највисоката даночна стапка се наоѓа во Луксембург (15 отсто), додека Бермудите, Панама, Британските Девствени Острови и Кајманските Острови имаат нулта стапка.
Профитот евидентиран во земји со ниска даночна стапка
Според наодите од студијата, во периодот од 2014 до 2020 година, дури 65 проценти од добивката на банките била пријавена во странство преку поврзани компании.
Истражувачите идентификуваа и документираа нерамнотежа помеѓу податоците за висината на профитот што наводно е остварена и евидентирана во некои земји и бројот на вработени лоцирани таму.
Така, профитот по вработен е далеку поголем во даночните раеви отколку во другите земји, се вели во извештајот, при што подружниците во даночните раеви пријавиле висока профитабилност и профитни маржи.
Истражувачите, исто така, истакнаа дека 25 проценти од профитот на банките се евидентирани во земји каде ефективната даночна стапка е помала од 15 проценти. Ефективната даночна стапка се пресметува како сооднос меѓу вкупно платениот данок и остварената добивка.
„Генерално, овие факти укажуваат на значајно присуство и долгогодишна практика на европските банки да користат даночни раеви. Профитабилноста на банките во даночните раеви е ненормално висока и изнесува 238.000 евра по вработен, наспроти околу 65.000 евра во земјите надвор од овие даночни раеви “, наведуваат авторите на студијата.
Најголемите европски банки „штедат“ милијрди во даночните раеви
HSBC банка со највисок процент на профит во даночните оази
Како што стои во извештајот, добивката евидентирана во даночните раеви првенствено се пренесува од други земји каде што се реализираат банкарски услуги.
Употребата на даночните раеви значително варира меѓу банките, покажува анализата.
Според податоците, просечниот процент на профит забележан во даночните раеви во периодот помеѓу 2014 и 2020 година изнесува 20 проценти.
Истражувачите идентификуваа неколку банки со „релативно големо присуство во даночните раеви“, кои уживаат особено ниска ефективна даночна стапка на нивниот профит. Меѓу нв се и Barclays, HSBC и NatWest Group (до минатата година позната како Royal Bank of Scotland),
На пример, HSBC банка објави просечно 58 проценти од добивката пред оданочување во даночните раеви помеѓу 2014 и 2020 година. Поради тоа , таа е лидер меѓу заемодавачите на листата на Даночна опсерваторија на ЕУ со највисок процент на профит насочен кон даночни раеви. (Извор: агенции)