Минатата 2022 година беше обликувана од незгодни макроекономски ветрови. Билиони долари во јавно поседуваните компании беа избришани на берзите, довербата на инвеститорите се намали, а цените ги скратија џебовите на потрошувачите. 

 

Генерално, многу од најголемите светски компании доживеаја остар пад на пазарниот удел. Сепак, неколку компании од клучните сектори имаа позитивен раст во текот на годината.

Следниот инфографик на „Вижуалкапиталист“ (VisualCapitalist) според податоците од крајот на минатата година ги прикажува најголемите компании во светот, користејќи податоци од Companiesmarketcap.com.

Технолошкиот гигант „Епл“(Apple) и натаму е највредната компанија во светот, вредна 2,3 билиони долари. 

И покрај падот на технолошкиот сектор во 2022 година – поттикнат од зголемените каматни стапки и побавната продажба – „Епл“ го задржа првото место. Тоа е во голема мера благодарение на рекордните приходи и побарувачката на потрошувачите за ајфони, кои сочинуваат околу половина од вкупниот приход на компанијата.

По „Епл“, на ранг листата е уште еден гигант од ИТ индустријата – „Мајкрософт“. За разлика од „Епл“, „Мајкрософт“ се соочи со побавна заработка во текот на годината поради помалата побарувачка за персонални компјутери и големото влијание на силниот американски долар. Сè на сè, околу 50 отсто од продажбата на компанијата се одвива во странство.

Како што може да се види подолу, минатата година останаа само четири компании во клубот „билиони долари“.

 

Нафтениот гигант „Сауди Арамко“ е трета по големина компанија на глобално ниво со пазарна капитализација од 1,8 билиони долари. Таа е и единствената неамериканска компанија во Топ 10.

Во мај, државната компанија накратко стана највредната компанија на планетата бидејќи зголемените цени на енергијата ја зголемија нејзината заработка. Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот, а економијата на земјата се предвидува да порасне за 7,6 отсто во 2022 година, една од најбрзите во светот.

Севкупно, 62 од топ 100 компании се со седиште во САД, 11 во Кина и пет во Франција.

Најголемите компании во светот, по сектори:

Дури и кога пазарните вредности на целиот сектор паѓаа во 2022 година, технолошкиот сектор останува доминантен.

Меѓу најголемите светски компании, 20 од нив се занимаваат со информатичка технологија, а вкупната пазарна вредност е 9,2 билиони долари, што е околу 31 отсто од пазарната вредност на 100-те најголеми компании.