Продажбата на нови патнички возила на пазарот на Европската унија, земјите од ЕФТА (Норвешка, Швајцарија, Исланд) и Велика Британија, минатата година забележа раст од 13,7 отсто и вкупно се продадени12.847.481 автомобил, информираат од Европската асоцијација на производители на автомобили. 

Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), продажбата на нови патнички возила на овие три пазари, врз основа на која може да се види дека најголем раст на продажбата забележале чисто електрични возила од 28,2 отсто (2.019.40 автомобили), додека растот на продажбата на електрични автомобили на пазарот на ЕУ е уште поголем и изнесува 37 отсто.

Пазарниот удел на електричните автомобили достигна 14,6 отсто, а за прв пат во ЕУ најпродаваниот автомобил има погон на електрична енергија – Tesla Model Y, кој го купиле 254.822 возачи.

Втор најпродаван модел на автомобил на пазарот во ЕУ е Dacia Sandero со продадени 235.893 примероци. Потоа следи Volkswagen T-Rock со 206.438 продадени автомобили. На листата на најпродавани следна е Renault Clio со 202.942 продадени автомобили, потоа Peugeot 208 со 194.376 и Opel korsa со 188.662 продадени автомобили.

 Електричните автомобили најпродавани

Како што е наведено во анализата на ACEA веднаш се гледа податокот дека пазарот на овој тип возила пораснал во сите земји, освен во Унгарија, каде e забележан пад од 3,4 отсто и во Норвешка од дури 24,4 отсто.

Пазарот на ЕУ би забележал уште поголем раст, доколку најголемиот поединечен пазар, оној на Германија, не доживеал сериозен пад од дури 23 отсто во декември 2023 година.

Сепак, благодарение на силниот раст на продажбата на следните три најголеми пазари во ЕУ, Франција (раст од 16,1 отсто), Италија (раст од 18,9 отсто) и Шпанија (раст од 16,7 отсто), пазарот на ЕУ кумулативно порасна за 13,9 отсто.

Во анализата се наведува дека на пазарот на ЕУ во 2023 година биле продадени 10.547.716 автомобили, за разлика од 2022 година кога биле продадени под десет милиони - 9.263.509.

Пазарот во Велика Британија, спротивно на многу прогнози, исто така забележа силен раст од 17,9 отсто. Имено, во 2022 година се продадени 1.614.063 автомобили, а во 2023 година значително повеќе - 1.903.054.

Како што се наведува во анализата, најголем пораст на продажбата на автомобили по тип на погон забележале електричните автомобили. На пазарот на ЕУ во 2023 година се продадени 1.538.621 електрични автомобили, што е зголемување од 37 отсто во споредба со една година претходно, кога биле регистрирани 1.123.444 електрични автомобили.

И Велика Британија бележи двоцифрен раст на продажбата на нови електрични автомобили во износ од 17,8 отсто, односно во 2023 година биле испорачани 314.684 електрични автомобили.

Од друга страна, Норвешка, која со години води по бројот на купени електрични автомобили, во 2023 година забележа голем пад на продажбата од дури 24,4 отсто.

Имено, во 2023 година се продадени 104.587 електрични автомобили, додека во 2022 година Норвежаните купиле 138.254 електрични автомобили, а најголемата причина за тоа е промената на субвенционирањето за купување на овој тип возила од страна на Владата на Норвешка.

 Лани Групацијата Volkswagen продаде најмногу автомобили во ЕУ

Како што се наведува во анализата, падот на продажбата на plug-in хибридни автомобили е големо изненадување. Сметајќи ги заедно пазарите на ЕУ, ЕФТА и Велика Британија забележан е пад од 2,4 отсто.

Во 2023 година, во ЕУ се продадени 3.724.646 автомобили на бензин (3.368.726 во 2022 година), што е раст на пазарот од 10,6 проценти.

Од друга страна, дизелите се помалку се бараат, па така продажбата во ЕУ падна за 5,8 отсто, на 1.433.368 новорегистрирани единици.

Иако во декември беше забележан сериозен пад на продажбата на нови автомобили на германскиот пазар, оваа земја сепак го задржа водството по бројот на новорегистрирани автомобили и во 2023 година со купени 2.844.609 автомобили, што претставува зголемување од 7,3 отсто.

Во Велика Британија е забележан раст на продажбата од 17,9 отсто (1.903.054), а во Франција растот на продажбата на годишно ниво изнесува 16,1 отсто (1.774.723), пренесува Независне.

Кога станува збор за земјите од регионот, Австрија забележа пораст од 11,2 отсто (239.150), во Бугарија дури 31,5 отсто (37.724/), а во Хрватска 31,3 отсто (57.694) на нови автомобили.

Групацијата Volkswagen продаде најмногу автомобили во ЕУ во 2023 година (2.753.054), што е зголемување од 18 отсто, а во рамките на оваа група најпродавани се Volkswagen со 1.149.741 возила (раст од 11,8 отсто) и Škoda со 580.729 автомобили. (зголемување од 25,8 проценти).

Групацијата Stelantis го држи второто место по продажба на пазарот на ЕУ со годишен раст од 2,9 отсто (1.880.083), а најпродавана марка во оваа групација е Peugeot со 569.509 продадени автомобили (2,2 отсто раст).

Групацијата Renault  бележи раст од 16,9 отсто, а на четврто место е групацијата Hyundai...