Ако го процедиме поимот „рецесија“ и ако преку цедалката истечат сите други елементи од дефиницијата за овој поим,  тоа што најмногу нас не плаши, тоа што ќе остане во цедалката e – сиромаштијата.

Светот се наоѓа на најдолната точка од осцилациите на економијата кои никогаш не се совпаѓаат со потенцијалниот развој. Има периоди на напредок, задоволство и мир, но сега светот е пак во тој длабок џеб во кој владее темницата. Од секоја темница тешко се излегува. Кој е тој што ќе го понуди новиот „Њу дил“ во светот, но и кај нас дома?

Се разбира дека земјте со здрава, организирана и „регулирана“ економска политика многу побргу ќе го спасат своето население, од земјите, како нашава, во која речиси 1/3 од населението живее во голема сиромаштија и во која фискалната и монетарната политика, наместо да возат по паралелен колосек, фаќаат секој на своја страна.

Двете најголеми финансиски институции, Светската банка и ММФ, предупредуваат дека следните години рецесијата ќе го „издиши“ целиот свет. Тоа значи дека стандардот што го имаше Македонија пред појавата на пандемијата, најнизок во Европа, нема да го достигнеме сигурно во наредните 10 години, а можеби и подолго. Тоа значи дека цените нема да се симнат на стаорто ниво и никогаш веќе јогуртот нема да чини 45 денари. Еднаш освоените цени никогаш не се вратиле назад. Тоа го паметиме од времето на менувањето на марката во евро. Иако курсот на еврото беше двојно повисок спрема марката, едноставно цените во марки се претворија во евра.  И никому ништо!  Така ќе биде и во овој случај, само што навиката да се живее во сиромаштија ќе продолжиме да ја влечкаме како камче во чевелот. Ете, не доживеавме, по 31 година самостојност, да се олабавиме, да здивмене и да ја надминеме желбата за стандардот во Југославија. 

Никој не ни е виновен што сме имале, имаме, а најверојатно и натаму ќе имаме еконосмки, монетарни и социјални власти кои не знаат да ја водат економската политика, меѓу кои корупцијата е изедначена со монополите што не ги почитуваат пазарните законитости, па цените ги држат на произволно ниво. Ова го има добро и на место дефинитрано  ЕУ во сите досегашни извештаи за наптедокот на Македонија. Тоа е октопод кој со своите пипци го влече целото население кон дното.

Искра надеж дава потпишпувањето на Доворот за сработка меѓу Европското обвинителство и македонското Јавно обвинителство, што беше потпишан пред неколку дена.

Се предвидува дека до крајот на годинава Македонија ќе ја заврши со просечна инфлација од 15%. Сепак радуваат  предвидувањата на економистите дека од почетокот на слендата година ќе почне да се намалува, веројатно со надеж дека патиштата на трговија со струјата и со енергенсите ќе врват преку други коридори.