„Нативе Теамс“ секогаш при рака на фриленсерите од Македонија- Практично преку „Native Teams“ се олеснува светот на деловните плаќања. Или поконкретно компанијата претставува работодавец на услуги за евиденција и плаќања за фриленсери

Платформата на  „Нативе Теамс“  е наменета за фриленсери, дигитални номади, програмери, и сите други професии кои произлегуваат од ИТ секторот. Односно за сите кои се независни од локацијата во бизнисот. Или како што самите напишале за себе: Нашата мисија е да ја вратиме слободата на хонорарците и работата на далечина, преку нашите EoR услуги и алатки за управување со нивните меѓународни плаќања.

 Со нас светот на деловните плаќања е полесен!

Директорот на – „Native Teams“ за Македонија, Никола Бубевски, вели: „Кога стануваш член на нашата платформа не стануваш само дел од компанијата туку се придружуваш и на една глобална заедница на професионалци со иста страст за работа, знаење, вмрежување и развивање како тебе.“

*Кои се „Нативе Теамс“, колку време постоите и која е вашата основна цел?

- „Нативе Теамс“ е интернационална компанија (застапена во 40+ земји), иако е основана во Македонија. Пости повеќе од две години, а главната цел се темели на обезбедување на услуги во модерното време за сите фриленсери, дигитални номади, работници на далечина или Remote Workers и сите оние кои имаат потреба од платформа за плаќање и вработување. Односно правно лице кое ќе стои зад нив.

* Која е основната улога на компанијата и на што особено се посветува внимание?

-Главна цел на „Нативе Теамс“ е овозможување на средина за поединци и компании за меѓусебна соработка, со помош на платформа која во главно претставува алатка за вршење на уплати и исплати, но може лесно да се опише како:

  • Персонална фирма
  • Персонален книговодител
  • Персонален банкар
  • Персонален консултант

* Г-дине Бубевски, како зачекоривте во оваа дејност (што сте по професија; што беше пресудно, или што ве поттикна да се приклучите кон ваков слободен начин на работење?  

-Мојата приказна е многу интересна, јас сум градежен инженер, но мојата креативна природа и бунтовност не ми дозволи да се задржам на таа професија. Затоа во еден момент одлучив да работам послободно, а малку подоцна оставив се и почнав да се занимавам со фриленсинг.

На почеток немав никакви вештини, маркетот беше премногу конкурентен за мене, па верувале или не започнав со бизарна професија или гатање на кафе.
Набрзо сфатив како функционираат повеќе од платформите, отворив своја агенција „Соци Солушнс“, за по некое време одлучив да се вклучам во тимот на Џек, кој во тоа време работеше на принцип хонорар. Неминовно имавме потреба од решение за надминување  на препреките кои се појавуваа за кое денес го имаме на пазарот – „Нативе Теамс“.

Јас сум доказ, дека не се работи за знаење, туку за вештина

* Според вашето искуство како може да се дојде до сигурна работа во оваа индустрија. Што сѐ се бара и со какво знаење и образование може да се стартува како фриленсер?

-Денеска на интернет ќе прочитате премногу информации за тоа како да добиете сигурна работа и слично, јас сум доказ, дека не се работи за знаење, туку за вештина која се вика продавање.
Мојот став е таков, вештина која нема никој да знае дека ја имате не можете да ја претворите во материјален приход.
Аналогно на тоа и мојот заклучок: Единствена вештина која ви треба е: „како да го продадам мојот труд!“ Продажба!

* Како да се задржи континуитетот во оваа тренди работа?
- Континуитетот доаѓа по првото правило кое кажува дека ова е игра на бројки. Во превод, колку повеќе испраќате барања и контактирате потенцијални клиенти, толку повеќе ќе имате успех и константен приход.
Се разбира, квалитетот е на прво место!

„Сам свој газда“

* Кои се предностите, а кои негативните страни при работа од далечина?

-Предноста е во тоа што може да бидете флексибилни или на народски кажано „сам свој газда“.

Негативни страни би биле, недостаток на социјализација која ја има во останатите работни средини или доколку сте карактер кој сака да одолговлекува борба со рокови или уште еден феномен како „констатно работење“.

*Кои се основните проблеми и препреки на кои наидуваат и со кои се соочуваат фриленсерите во земјава?

-За жал во нашата држава главните интернационални сервиси за наплата не функционираат. Немаме можност да бидеме здравствено и пензиско осигурани и исто така имаме проблем со заштита на авторски права т.е. многу често нашите фриленсери можат да бидат изиграни да завршат некоја работа, а да не бидат исплатени. Немаме институции кои би ја проследиле таа процедура до крај.

* Значи здравствено и пензиско осигурување се едно од болните прашања на оваа слободна професија?

-Во претходното прашање напоменав, дека доколку не си во редовен работен однос, немаш можност за здравствено, дури ни приватно (без да вршиш уплати во ФЗОМ). Секако кога е во прашање пензиското осигурување постојат приватни фирми кои нудат поволности за фриленсерите, но сепак таа помош не доаѓа од државата туку од приватни институции.

Директна врска со клиентите на нашите фриленсери

* Што конкретно Native Teams им нуди на фриленсерите? Како може да им помогнете на луѓето кои се занимаваат со оваа дејност?

-Ние сме директна врска со клиентите на нашите фриленсери. Можноста да сме распространети во 40 различни држави и да вклучуваме интерни договори со тие работодавци уште од старт ни дава сигурност и заштита за работата на нашите фриленсери.

Нашиот тим е во директна врска со ФЗОМ и ПИО, така што преку нас секој може да биде осигуран и да има регулиран работен однос.

Практично имаме директна врска со банките и секој корисник на „Нативе Теамс“ добива своја сметка во трите главни валути (евро, долар и фунта). Меѓутоа, на нивно барање можат да добијат уште 37 валути.
„Нативе Теамс“ заменува персонален книговодител. Всушност сите извештаи од плати, рекапитулари од УЈП и останата документација ја доставуваме директно до фриленсерите.

Помагаме при посредување на виза со помош на нашите претставништва во странство (целосна процедура од почеток до крај).
Помагаме при достава на опрема за работа, која може да се нарачува од странство.
Помагаме при резервација на биро во државите во кои сме застапени благодарение на нашите партнери.
Достапни сме за клиентите, за фриленсерите на нашите персонални броеви.
Би завршил со, „Нативе Теамс“ се тука за фриленсерите од Македонија, за СЕ.

*Кон што се стремите и колку тоа ќе им ја олесни позицијата на фриленсерите во Македонија?
- Во фокус е стремежот за подобрување на средината и условите во кои фриленсерите можат да работат (не мислам на просторија или опрема за работа) но, правно и финансиски.

Македонскиот пазар веќе има премногу талент и знаење, но сега има и платформа која го овозможува тоа.

Незаменлив начин на живот

*Кои се вашите барања до институциите во земјава? 
Јас не би зборувал за барањата кои ги имаме како „Нативе Теамс“, тие барања се на многу наврати испратени од страна на заедницата за фриленсери во Македонија, ние се одлучивме да не чекаме или бараме, туку да дејствуваме.

*Какви се искуствата од другите земји?
Во останатите земји, условите се многу подобри од овие кај нас, но не би рекол дека се идеални!
Деловните односи помеѓу правно и физичко лице се тешки секаде во светот, но во другите земји тоа е решено со опцијата за самовработување.

 * Што им препорачувате на оние кои штотуку започнуваат со фриленсерство, на што треба да внимаваат?

-Јас би посочил, да внимаваат на измамници. Да користат платформи кои гарантираат за нивната исплата, безбедност на информации и имаат политика да стојат на страната на фриленсерите.

Би завршил со тоа дека не треба да се откажуваат и да се разочаруваат затоа што, доколку имаат желба и мотивација, останатото е прашање на време кога ќе се оствари и верувајте овај начин на живот конкретно за мене е апсолутно незаменлив.