Автомобилите со фотоволтаични покриви кои генерираат струја за батериите постојат веќе некое време. Институтот Фраунхофер во Фрајбург сега исто така разви фотоволтаичнa фолија која може да се инсталира на хаубата. Научниците од овој германски иститут се надеваат дека наскоро ќе започне масовно производство на ваквите фотоволтаични фолии.
„Фотоволтаичната фолија која може да се инсталира на капакот на моторот може да има иста боја како автомобилот или да биде во која било боја, така што е практично незабележлива“, објасни шефот на проектот, Мартин Хајнрих за агенцијата ДПА.
Прототипот е инсталиран и веќе работи на еден автомобил. „Сега бараме партнери за понатамошен развој, а потоа и сериско производство со производителите на автомобили“, нагласува Хајнрих, проценувајќи дека нето-трошокот за изработка на фолијата во сериско производство би чинела само 100-150 евра.
Од Институтот наведуваат дека во Фрајбург, релативно сончев град на самиот југозапад на Германија, автомобил кој се напојува од батерии кои се полнат со фолии на покривот и хаубата може да помине околу 4.000 километри годишно.
Покривот произведува околу две третини од потребната енергија. Фолиите можат да ги полнат батериите и на чисто електрични и на хибридни возила.
Производителите сега поставуваат фотоволтаични инсталации само во стаклените покриви на автомобилите. Верзијата на научниците на Фрауенхофер се зацврстува на металот - а за прототип бил користен постар Volkswagen Polo.
Институтот овој свој проект ќе го претстави на саемот IAA Mobility во Минхен, што ќе се отвори нареднава недела на 5. септември.