Научниците долго време се надеваа дека ќе успеат да направат цврсти батерии од литиум и сулфур. Таквата технологија би можела да биде многу подобра опција од постојните литиум-јонски батерии кои моментално ги напојуваат нашите телефони, автомобили и многу други производи, бидејќи тие можат да складираат повеќе енергија,a се многу поевтини.

Ваквите батерии може да складираат двојно повеќе енергија од обичните батерии. На овој начин, на пример, досегот на електрично возило би се удвоил без да се зголеми неговата тежина.

За нивна изработка би се користеле материјали кои се лесно достапни, со што батериите би биле помалку штетни за животната средина и поевтини за изработка.

Меѓутоа, со литиум-сулфурните батерии во цврста состојба се појавил проблем при правењето сулфурни катоди. Причина за тоа како што е напишано во студијата е материјалот што е лош спроводник на електрони, кој може да се прошири и да се собира за време на полнењето, што значи дека се оштетува и работи со помала сигурност.

Кристал од сулфур и јод- потенцијално решение

Научниците сега пронајдоа нов материјал за правење катоди. Тоа е кристал од сулфур и јод. Јодот го прави материјалот многу подобар спроводник - 100 милијарди пати поголем спроводник од само сулфурот.

„Многу сме возбудени поради откривањето на овој нов материјал. Драстичното зголемување на електричната спроводливост во сулфурот е изненадување и научно исклучително интересно“, вели Пинг Лиу, професор по наноинженерство и директор на Центарот за одржлива енергија и енергија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.

Освен тоа, кристалот може да се стопи на ниска температура - доволно би било шолја топло кафе или чај. Тоа значи дека батеријата може да се стопи и по полнењето и на тој начин да „заздрави“ од интензивниот процес на полнење.

Ова би требало да помогне да се реши проблемот со оштетувањето на батеријата поради повеќекратното полнење и употребата што ги оштетувала досега.

„Ниската точка на топење на нашиот нов катоден материјал овозможува поправка, што е нешто што долго време го баравме за вакви батерии. Овој нов материјал  овозможува решение за идните батерии во цврста состојба со висока енергетска густина“, вели коавторот на студијата Џианбин Џоу, поранешен истражувач за наноинженерство и член на истражувачката група на Пинг Лиу.

Сè уште немаме самообновувачки батерии

Истражувачите нè потсетуваат дека треба да се направи многу повеќе за да се направи цврста батерија што би можела да се користи кај поголемите потрошувачи како автомобилите. Сепак, научниците истакнуваат дека новото откритие ги доближува до таа цел.

„Ова откритие има потенцијал да го реши еден од најголемите предизвици за воведувањето на литиум-сулфурни батерии во цврста состојба со што драматично ќе се зголеми животниот век на батериите“, смета коавторот на студијата Кристофер Брукс, главен научник во Истражувачкиот институт Хонда во САД.

Според него, способноста на батеријата сама да се поправа со едноставно  подигање на температурата може значително да го продолжи целокупниот животен век на батеријата, создавајќи потенцијален пат за примена на батерии во цврста состојба.

Наодите на стручниот тим беа објавени во стручното списание Priroda (Природа) во трудот под наслов Healable and Conductive Sulphur Jode for Solid-State Li-S Batteries.