Возмениреност се почувствува кога неодамна владата најави купување нов авион за нејзини потреби по цена од 30-40 милиони евра. Образложение: авионот бил стар и небезбеден. Експертите за воздухоповлсто тврдат дека навистина на државата и’ треба нов авион, затоа што стариот „лирџет“ веќе не се произведува и нема делови за него. За корисноста за сегашниов авион можеме да го пофалиме дека во времето на ковид–кризата 7 пати патуваше до Истанбул и назад  и ги донесе вакцините како единствено оружје со кое светот се бореше против смртоносниот вирус.

Но, да се внимава што се купува! Треба да купи плански и со добра обмисла. Да биде поголем, со повеќе седишта, не само за функционерите, туку и за превоз и од полза на други групи, како за болни за кои треба интервенција во странство, да има место и за новинарите што ги придружуваат корисните патувања на функционерите и на крај на краиштата за ефикасно бекство во случај на безбедносен ризик, ако копнените патишта бидат блокирани. Привилегијата да го користат бесплатно владиниот авион ја имаат претседателот на државата, премиерот и претседателот на собранието.

Но, нашата возбуда доаѓа оттаму што знаеме дека нашата навика е ништо да не правиме на време, туку тоа што сме го купиле да го оставиме на забот на времето, никој да не одговара за тоа и кога нештото ќе пропадне, тогаш бараме да се купи ново. Па, таков пример имаме со авионите за гаснење поажр. Од три, дали еден работи, пилоти немаме, викаме странска помош да ни ги гасне пожарите… уживанција!

Што се однесува до парите со кои треба да се купи авионот, најпаметно е да се купи од парите од унгарскиот кредит од милијардата, затоа што единствено нешто што ќе се гледа како предмет - ќе биде тој авион, па макар чинел и 40 милиони евра. Под контрола на службите во СОЗР, ако ги има, новиот авион може да послужи и за корисни работи, а чинењето на неговото летање ќе зависи од тоа колку се употребува, експертите велат дека почестата употреба го поевтинува неговото оддржување.   

Директорот на СОЗР вели дека сме биле сериозна држава и дека треба да имаме соодветен воздухоплов, дека овој бил мал, со само шест седишта, демек неудобен и често се расипувал.

На страницата на СОЗР, ниту на станицата „Отворена влада“ нема ниеден телефонски број за контакт за да прашате што се случува. Ако наидете на некаов број од други служби, тоа се броеви на фикски телефони на кои никој не се јавува. Нетранспарентност на максимум, и покрај сите портпароли на владата. Ниту на страницата „Медија центар“ нема ниеден телефонски број за контакт.

Од друга страна се наметнува прашањето дали нашите чиновници се току заслужни да се возат со специјални авиони, при толку редовни линии, при евтини летови, како сите обични патници. Тоа со специјални авиони можат да си го дозволат Роналдо и Меси!  Потоа на располагање им стојатат скапите автомобили што ги менуваат на секои четири години, затоа што не скаат да се возат во колите во кои се возеле нивните претходници, им мирисале на нив. При секое купување на тие автомобили образложението е дека старите се небезбедни. Па, ако се старите небезбедни, ете, новите се безбедни, секое од нив чини најмалку по 40 илјади евра. Да не повторуваме дека европските претседатели, премиери и министри, користат градски превоз или велосипед за на работа, а македонските, дури и тие без ресор, имаат по еден мерцедес и возач 24/7, а некои секој ден од Тетово се носат со конвои со вклучени севтла и сирени, божем иде Јосиф од Ариматеја со светиот грал и предизвикуваат јанѕа кај обичниот човек кој се потргнува за да не биде збришан од фуриозната колона.

Да потсетиме на последните податоци што се однесуваат на обичниот народ, од кој најголем процент никогаш немал можност да лета со авион. Заборавивме дека сме поделени на класи! Македонската работничка класа е најслабо платена во регионов. Иако просечната плата постојано расте, (вештачки, неекономски!), во споредба со регионот сме последни. Просечната плата во ноември изнесувала 42,000 денари или 683 евра, во Босна и Херцеговина (за која никој не знае дали е вистинска држава, м.з.) – 732 евра, Србија 842, Црна Гора 993, Хрватска 1366 и Словенија - 1514 евра.

Платите на македонските пратеници, на високите функционери, надоместоците за патни трошоци, за кирии, за одовен живот и за разни измислени „заслуги“ се три пати повисоки од словенечкиот просек, не зборуваме за другите можности за заработка, зашто немаме докази, а за кои на големо се обивунуваат двете политички страни, како  тендери за јавните набавки и др.

Затоа, народот бара сатисфакција во станардот на највисоките чиновници, што е нивниот сандард и луксуз поголем, толку тие му се подалечни и обратно.