Филмот „Нечиста крв - грев на предците“, конечно на големото филмско платно пристигнува и во Скопје! Од 9. септември Синеплекс го прикажува српскиот филм, кој за само десет дена привлече над 30.000 гледачи во кино-салите во Србија.

Додека Хаџи Трифун ги подготвува своите двајца синови да го наследат на позицијата водичи меѓу српскиот народ, освен турските бегови, проблеми му прави и неговото сопствено семејство. Како Трифун ќе се избори со проблемите кои подоцна ќе влијаат и на неговите потомци, хероите на романот „Нечиста крв“, ќе дознаете во Cineplexx од 09. септември! Билетите наскоро во продажба!

***



Заплетот на филмот „Нечиста крв – грев на предците“ се случува пред раѓањето на Софка и ја следи приказната за нејзиниот дедо Хаџи Трифун, истакнат српски трговец, кој се обидува да го зачува мирот со турските власти, но исто така ја одржува својата репутација и влијание во Врање, важен турски град, во близина на границата со ослободената Србија.

Улогите ги толкуваат Драган Бјелогрлиќ, Анѓела Јовановиќ, Катарина Радивојевиќ, Феѓа Штукан, Тим Сејфи, Нела Михаиловиќ, Марко Грабеж…