Македонците уште не можат да сфатат дека со активен   сексуален живот можат да дадат најголем патриотски придонес во развој на економијата, односно на татковината. Бидејќи, најголем и најскапоцен ресур со кој може да располага една земја е работната сила  - човекот! Човекот е поскап од сите минерали што лежат во утробата на една територија, затоа што тие сами не излегуваат на површина, некој треба да ги извади и да ги обработи, да ги финализира, да им даде сјај, додадена вредност и да ги понуди на пазарот.   

Тие што го сфатија тоа (ова, за сексот), ја сменија етничката карта на замјава во своја корист, но никој никому не може да му го ограничи правото на секс. Дури и големиот режисер Душан Макавеев, во својот филм „Мистеријата на организмот“ јасно и гласно препорачува – „луѓе, е*ете се! Апстиненцијата е нездрава, нечовечна, неправилна и, што е најважно, контрареволуционерна!“

Во 2024-та во Макекдонија се родило вкупно 16.061 дете, но починало 20.201 лице. Последниот попис покажа дека изминатите 20 години земјава ја напуштиле над 170 000 работоспособни лица. Според статистичката проекција - до 2070-та година, населението во Македонија ќе се намали на милион и 300 илјади жители. Но, бројката на работоспособно население ќе биде многу помала, се разбира. Наместо да стимулираат раѓање деца во здрави и добри материјални, општествени и социјални услови, на македонските партии полна им е устата со ветувања за економска експлозија, која ќе донесе невиден економски развој и материјална благосостојба на населението, без да го имаат предвид, или да го спомант факторот население, работници, луѓе, деца! Тие мислат само на едно: тендери, пари, патни трошоци, бонуси, скапи државни автомобили, најнови телефони, нов авион, освојување на државните топли канцеларии и на гордоста од процентуалната застапеност, што се претвори во чист, вулгарен и опасен триумфализам. Стручноста воопшто не е важна, голем  број добри директори безобѕирно се заменуваат со портирот, а тие завршуваат на улица, или в затвор, само поради тоа што биле или се од редовите на некоја „непријателска“ политичка вера. Така се создаде кадровскиот хаос, од кој не можеме да излеземе, а сега веќе стигнува фактурата за наплата на нашиот нередовен сексуален живот, затоа што веќе нема ни избор на свеж квалитетен кадар на пазарот на трудот.

Значи, тезата е - економијата и сексот. Заклучок: Нема економија без секс! Човекот е најважниот економски ресурс! Ќе речете, не е така, туку вештачката интелигенција! Да, но таа вештачка ингелигенција не живее надвор од човековата интелигенција, колку што е пематна толку е и глупава. Во заблуда се сите што тврдат дека вештачката интелигенција е попаметна од човековиот разуим и ум. Тој ум и разум ја има родено таа вештачка творба што не е ништо друго туку софтвер, програмиран од новите науни сили што ја донесоа новата технолошка ера и го сменија светот, исто како што своевремено го семни пронаоѓањето на тркалото, на парната машина, на копјутерот и на интернетот. Но, тука лежи зајакот! За тоа се заслужни инвестициите во науката.

Според Евростат, расходите на ЕУ за истражување и развој во 2022 година достигнале 352 милијарди евра за, што значи 6,34% повеќе отколку во 2021 година, кога беа потрошени 331 милијарда евра и 48,52% повеќе од 2012 година, кога беа потрошени 237 милијарди евра.

Највисоки инвестиции во развојот на науката како процент од БДП има Белгија (3,44%), Шведска (3,40%), Австрија (3,20%) и Германија (3,13%).

Во Македонија, трошењето за истражување и развој во периодот од 2015 до 2020 година останало на околу 0,4% од БДП.

Во текот на 2023 година, Министерството за образование и наука соопшти дека одвоило над 240 милиони денари за поддршка на работата на научно-истражувачките работници и за поттикнување на развојот на науката. Со овие средства биле модернизирани условите во неколку лаборатории на високообразовни и научни установи, акредитирани нови методи на работа, а истовремено биле финансирани 7 проекти од посебен јавен интерес во седумте јавни научни установи во земјава.

Во меѓувреме, во декември минатата година, Владата ја одобри Стратегијата за паметна специјализација за периодот 2023-2027 година со Акциониот план за 2024-2025 година.

Се чини дека од година во година имаме зголемување на финансиската поддршка на научното истражување, но тоа сепак останува недоволно за да се постигне нивото што ги имаат некои земји од регионот и во Европа.

Експертите од областа на научното истражување потенцираат дека во изминатите години во просек за наука се трошело само 0,1 процент од БДП, што е далеку под потребните средства, но и многу зад парите што ги трошеле европските земји.

Ова се бројки! Сите знеме дека таму кај што се делат пари, навалицтата е огромна, па податоците на Министерствата што ги делат тие пари покажуваат огромна заинтересираност за нивно искористување, а развојот е невидлив. Кризата е се подлабока, населението се посиромашно. Општо познато е дека во Македонија трката по пари и замајување на нивната трага е национален спорт, па затоа сите странски фактори што не оценуваат не’ ставаат на прво место по таквите олимписки дострели. Значи, за далавери све талентирани, а за да измислиме нешто немаме национална интелигенција? Како немаме, кога на стие забелешки што доаѓаат од страна им одговараме со итарпејовски досетки.

Навистина се прашуваме дали некогаш Македонија може да го наметне својот национален идентитет и со нешто што не е измислено досега и така светот да не’ запамети по некое високо технолошко чудо, па да ни залепи некоја налепница со некој голем бар-код, да не остане да се сеќава на нас  само по нашите јадења, салатите, пинџурите, краставиците, морковите и сите долганвести и жилави плодови што растат на нашава почва и што ги извезуваме на нивниот пазар.  Значи од сета оваа конфузија не’ вади само сексот и мислењето, кое ни е слаба страна.