Од утре 13.02.2024 престанува важноста на возачките дозволи на кои во името на нашава земја ја нема одредницата „Северна“. Властите тврдат дека ова го налага „Преснапскиот договор“ по кој Македонија ја доби оваа одредница. Навалицата за вадење нови документи се претвори во хаос, карактеристичен за земји без организиран сиситем на државни услуги, па така огромен број граѓани не успеаја да извадат нови возачки дозволи.   

На оваа тема, одговори побаравме од експертот за сообраќај Кузман Дамчевски.

- Дали работата е промашена и дали може да се исправи?

·        Ако само малку „ѕирнеле“ правниците и сообраќајците во „нашата голема база,“ ќе виделе дека се инсталирани преодни одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 122/21) од 03 јуни 2021 година, така што нема никакво оправдување. Во пречистениот текст, кој во ЗБСП во кој е инсталиран членот 5, кој гласи – „Возачките дозволи и возачките книшки што го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“.

 - Што ќе се случува со рефундирање на средства на оштетените во сообраќајна незгода?

·        Штетата за жал ќе биде огромна, иако тој го експлоатира само проблемот со сообраќајните незгоди и осигурителните компании кои нема да исплаќаат оштетини побарувања и регреси на граѓаните, а таму кај нив има многу квалитетни проценители и правници, а тоа им е и единствена цел да не исплаќаат, бидејќи тоа им е чиста екстра заработувачка, така што народот многу тешко ќе дојде до рефундирање на материјалини и нематеријални штети, по 13 февруари.

- Но што ќе биде ако сообраќајните полицајци го активираат  членот 317 од ЗБСП?

·        Да, членот 317 од ЗБСП гласи: - „(1) Кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка и е должен да ги покаже на барање на полициски службеник. (16) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Да претпоставиме дека тука ќе употреби – „амортизер“, во спротивно ќе имаме „масакар“ од казнети граѓани кои ќе бидат запрени при редовна контрола а управува со „старата“ сега - неважечка возачка дозвола, иако таа де факто има важност и по посочениот рок. Има тука и голем број други прашања на коие одговорите се нејасни, како на пример:

- Што ќе биде со оние кандидати што ќе положат возачки испит, а возачка дозвола МВР мора да му ја издаде во рок од 15 дена?

- Што ќе прават оние кандидати-возачи кои сакаат да полагаат за повисока категорија, а немаат валидна возачка дозвола што ја поседуваат 2 години – се мисли од Б категорија за Ц или Д и поткатегориите, исто и за инструкторите за возење.

- Што ќе се случува утре во Станиците за технички преглед со издавањето на налепниците „NMK“

– ми се чини ќе има силно „цунами“, а лично ниту на сон не претпоставував дека оваа работа толку може да се искомплицира.

- Што ќе биде со сообраќајните дозволи на кои исто така стои старото име на државата?  

·        Прочитав некаде по порталиве дека и сообраќајните дозволи ќе ја имаат истата судбина како и возачките ако го немаат зборот „Северна“. Да се чуди човек до кое дереџе стигнавме. Да му е срам на човек да каже од каде потекнува!