„Да се воведе давачка од 0,5% при вадење кеш од банка. На тој начин ќе се демотивираат граѓаните да користат готовина, со што ќе се намали сивата економија“.
Ова е предлог на некои даночни експерти, кои сметаат дека корупцијата се прави со кеш пари, a државата губи милиони по основа на даночно затајување,
Според предлогот, при подигање готивина од 10,000 денари, процентот за државата би бил 50 денари, но на милион денари, ќе треба да се плата 5,000 денари.
Тоа е предлогот на стручњаците, но нашиот поглед е сосема поинаков. Дали вадењето на нашите пари од банкарските шалтери може да се класифицира како сива економија?
Не! Што е овде сива економија?
Вадењето пари од банка не е сива економија, ако тие пари се легнати на нашата сметка од легален плаќач за легална работа, пензија, хонорар итн. Значи, експертите предлагаат чинот на давањето пари од нашата сметка да добие своја цена што е двојно плаќање на таа услуга. Имано, ако штедиме во банката се подразбира дека тој што дава пари, шалтерскиот работник, си го плаќа банката за да ги врши банкарските услуги, зошто сега странките и него да го плаќаат. И така тој е платен од парите на штедачите! Да не случајно банките немаат пари да си ги платат службениците, а податоците зборуваат дека добивките на банките се огромни во екот на актуелантва криза. На врвот е „Комерцијалната банка“:
„Комерцијалната банка АД Скопје“ во периодот од 01.01-31.12.2023 година остварила добивка пред оданочување во износ од 3.912,6 милиони денари наспроти 2.311,0 милиони денари во 2022 година што претставува зголемување за 69,3 %. Планираната добивка за 2023 година е остварена со 128,3 %. Данокот на добивка во 2023 година изнесува 331,2 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 3.581,4 милиони денари, или 66,6% повеќе во однос на минатата година.
И на овие бројки, на “Комерцијалната банка“ треба да и плаќаме за тоа што ќе ги извадиме нашите пари на шалтер???!!!
Предлогот на стручњаците добива чуден призвук, дури го доведува во прашање нивниот стручен авторитет.
Па, ние на банката и ги даваме парите на располагање. Со нашите пари банката работи и за тоа ни исплаќа миниламлна, незначителна камата. Значи таа на нас и од нас заработува, па сега дури тоа што ќе ни ги даде на шалтер нашите пари треба да го плаќаме, нели?
Демек „Ако сакате со кеш во џебот да си заминете од банката, ќе морате да платите!“
За што да платиме? Се работи за наши пари заработени на легален начин.
Тоа не е сива економија!
Сива економија е неоданочување на парите!
Според проценките, околу 30% од БДП отпаѓаат на сивата економија. Во бројки тоа значи - 4,3 милијарди евра се неоданочени пари, „црни пари“.
Ова не е ништо ново, ова го знаат и врапчињата и сите економски експерти и креатори на фискалната политика, но никој нема храброст, но и можност да ја пресече таа работа, која се одвива пред очите на власта, пред полицијата и пред Упаравата за потекло на парите и на слични државни институции.
Затворете го Бит Пазар, или Зелено Пазарче да ве видам, затоврете ги сите складишта на градежни материјали, сите интернет трговии да ве видам, таму има неоданочени пари, никој од овие продавачи не ви дава фискална сметка. Но, државата сите овие години и во бившата Југославија мижеше и мижи за да го „намали“ бројот на луѓето што бараат работа, вака - работат, ама на црно, важно нема протести, а и граѓаните можат да се снабдат со поевтини прслуци и гаќи.
Дали некој ги оданочува занаетчиските услуги. Имаше едно време паметен предлог, мајсторите што работат по куќите/становите да имаат своја фирма, да имаат ценовник на нивните услуги и да се оданочуваат, но тоа ќе ги поскапе нивните услуги, ќе се намали нивната работа, па бројот на тие занаетчии што ја бараат својата среќа на север уште толку ќе се зголеми. И така останавме без мајстори.
Ако се легализираат сите овие „црни“ бизниси, државата годишно, по основа на даночни приходи, би имала дополнителни 800 милиони евра. Ова не е мала цифра, што може да се искористи за разни социјални и државни потреби, под услов да не се наде некој да ги украде во име на уметноста, на пример за некое ново „Скопје 2014“.
За ефектот од наплатата на вадењето пари на шалтер од банките не треба ни да зборуваме. Тоа нема да има речиси ников финансиски ефект за буџетот, само ќе им наметне на граѓаните уште една ставка за плаќање. Бројот на лица што не се доволно упатени да вадат пари од банкомат или да плаќаат сметки преку интрнет е огромен, дури зачудувачки. Само би било уште еден јарем на вратот на сиромаштијата, за сметка на богатитие банки.
Државата не смее да донесе таков закон туку да остави на пазарнот марктеинг, па и по таа основа штедачите да бираат во која банка ќе ги вложуваат парите. Наплатата на вадењето (провизија) за вадење пари на шалтер од банка и сега постои. Прашање е - која банка колку наплаќа, тоа е пазарна категорија. Но, сепак, веројатно ќе се појаив банка која нема да ја наплаќа таа услуга, која и така не треба да се наплаќа. Парите треба да трансферираат брзо без стиплчез пречки на штета на тие што и ги даваат своите пари на банката на чување, а кои банката ги инвестира, односно работи со нив.
Напротив, можеби треба законски да им се забрани на банките да ја наплаќаат и сегашната провизија за вадењето кеш од шалтерите на банките.
Ако е дојдено до корупција, како што велат експетите од почетокот на текстов, тогаш таксаа ќе се плати и пак ќе се даде митото. Проблемот воопшто не е во користењето на готовината, туку немањето сметки на тие што им се плаќа и зафаќањето од нив.