Последните две години од пандемијата наликуваат на комбинација од 1918 година и 1925 година. Првата, затоа што тоа е периодот кога владееше шпанскиот грип. Во втората, имаше своевидна финансиска криза во светот во различни индустрии. Светот сега се соочува со слични ситуации. со многу мало искуство како ние можеме да се справиме со ситуациите од денешен аспект. Овој осврт на глобалната криза во моментов, беше дел од онлајн академијата на „SourceMX Academy“, каде се говореше за синхронизирање на односите со јавност и маркегинтот во време на пандемија.

Џина Шеровска е докторант во областа на маркетингот. Нејзината академска насока се движи кон стрешки комуникации и односи со јавноста. Додека професионално работи и како консултант во маркетинг индустријата. Во вакви кризни времиња, Шеровска се осврна на разликата помеѓу маркетингот и односите со јавноста. Но, како што напоменува – и она суштинското – нивната поврзаност и функционирање заеднички за достигнување на крајната цел – успешно продавање на производот и услугата.

Разликата меѓу маркетиног и односите со јавност

Кај маркетингот креираме вредност до самиот потрошувач, чија вредност се враќа во вид на пари. При реализирана продажба на производи или услуги се воспоставува односот меѓу бизнисот и потрошувачот. ПР-от се изучува како пропратна алатка, која треба да биде помош на маркетингот. Генерално, во справувањето на зацртаните цели на еден бизнис. Но, голем број од студентите не ја изучуваат самата дисциплина на ПР-от како може да се искористи. И зошто како дисциплина сама по себе заслужува да има посебно место во корпоративниот свет.

За разлика од маркетингот, ПР-от се занимава со градење на односи. Посликовиот ПР е партнерство каде не се бара возвраќање на самата инвестиција или на крајот на денот тоа да биде пари. Маркетингот и односите со јавноста можат да доведат до заемен конфликт или евентуално заедничка соработка. Не се одделни сами по себе дисциплини, но можат да функционираат како такви.

Конфликт се случува кога не ги разбираме позитивните аспекти што може да ги понуди ПР-от од страна на маркетингот. Таа соработка се случува кога можеме да ги признаеме и аплицираме решенијата кои ги нуди ПР-от во маркетинг секторот.

„Еден од начините е воспостувување на пораки и корпоративно функционирање. ПР и маркетингот создаваат и се потпираат на силни и јасни пораки за успешни програми. Тие заедно го утврдуваат гласот и публиката на брендот. Гласот на бреднот може да се смени со оглед на платформата и публиката. Сепак неговата приказна, понудата на вредноста и производите обично не се менуваат. Двата тима мора да работат заедно и да се усогласат за клучните пораки кои ќе бидат дистрибуирани кон целната публика до која треба да стигне. Како и комуникациските стратегии кои ќе ги искористат во процесот. На пример, маркетинг материјалите, содржината на веб страницата и кампањите треба да се усогласат со наративот и раскажувањето на приказни кој доаѓа од тимот за односи со јавност. И обратно. Со цел да се создаде еден целосен глас, идентитет на брендот, објаснува Шеровска.

Вториот аспект е атрибуција на нешто што продавачите се обидуваат да го усовршат со децении. А тоа е метрика - што менаџментот сака да ја проценува, анализира и споредува со моделите на продажбата и деловните цели. Развојот на односите со јавноста и маркетингот создава прозорец на можности за двата сектори да ги следат и зголемат продажните потенцијали.

Третиот аспект е поттикнување и овозможување на продажбите. Додека ПР маркетингот и продажбата се три различни области, сепак имаат крајна цел. Тоа се приходите. ПР и маркетингот како тимови можат да обезбедат информации, содржина и алатки на продажниот тим, кој ќе биде поефикасен во секоја фаза од продажбата. Сите три тима мора да воспсостават стратегија да комуницираат повратни информации.

Четвртиот аспект - зависно која е стратегијата на компанијата, развојот на содржината која ќе се пласира во јавноста бара време и пари. ПР и маркетинг тимовите може да си помогнат меѓусебно, ако ги засилат своите победи со максимизирање на дистрибуција на содржината. Во однос на придобивките кои маркетингот може да ги искористи од страна на ПР-от, Џиновска вели дека тоа е релевантноста, доследноста и имањето добра кауза.