Речиси во цела Европа природниот гас со својата цена игра значителна улога во индустриското производство, во  огревот на домаќинствата и воопшто во економскиот раст.

Но, откако Русија се најде под сакнции, поради нејзината агресија врз Украина, снабдувњето со овој енергенс за Европа стана комплициран. Економската теорија вели дека санкциите се меч со све острици, а тоа сега се покажува на дело.

Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ (АЦЕР), во момнетот додека група членки се обидуваат да го забранат купувањето на овој енергенс од Москва, сугерира  Европската унија да продолжи со увоз на рускиот природен  течен гас (ЛНГ), за да избегне нов енергетски шок.

Агенцијата истакна дека со обидите за сузбивање на рекордниот увоз на рускиот ЛНГ во Европа „треба да се внимава”.

„Намалувањето на увозот на рускиот ЛНГ би требало да се спроведува постепено”, наведува Агенцијата во извештајот, во кој нагласува дека ЕУ треба да внимава на својот енергетскиот баланс, односно да не ја пренагласи  намерата да им наштетни на руските финансии.

Впрочем, и така ЕУ во голема мерка ја има ублажено својата  зависност од овој руски енергенс со зголемување на  набавката на ЛНГ од други снабдувачи. Русија сега е втор  најголем снабдувач со ЛНГ на европскиот пазар по САД, со  16 насто од вкупниот увоз минатата година.

Дипломатите велат дека членките на Европската унија, вклучувајќи ја Шведска, Финска и балтичките земји, бараат  ЕУ да воведе моментална целосна забрана за рускиот ЛНГ, што бара едногласност на државите членки, поради што нивните официјални лица се подготвени да лобираат и во Европската комисија.

Но, ова гориво го увезуваат и Франција, Шпанија и Белгија, а дел се продава и во Германија и во нејзините централноевропски соседи, кои се обидуваат да го спречат растот на цената на енергијата за индустријата.

Изворите на гас во Европа се намалуваат или се затвораат. На пример, Холандија минатата недела официјално го  затвори гасното поле „Гронинген“ откако власта одобри траен прекин на операциите за дупчење на локацијата за да  се намали ризикот од земјотреси во северниот регион. Од октомври 2023. година, гасното поле произведуваше само мал дел од својот целосен капацитет по повеќегодишните рестрикции на производството со цел да се намалат ризиците од земјотреси што ги предизвика тој процес во регионот. Земјотресите во тој регион со текот на годините имаат оштетено илјадници згради. Сепак, нејзините 11 „резервоари” остануваат отворени во случај да има јака зима и поради неизвесната меѓународна ситуација во врска со конфликтот Русија - Украјине. Најголемото гасно поле во  Европа, отворено 1963. година, имаше голем придонес во холандската економија и се’ уште има огромни резерви гас. Има произведено повеќе од 50 милијарди кубни метари гас во својот производствен врв пред десет години. Но, регионот од 1986. има забележено повеќе од 1.600 земјотреси кои оштетиле 85.000 зграда. Не е јасно дали запирањето на производството ќе биде доволно да ја спречи сеизмичката активност во регионот, затоа што  празните дупки остануваат под земја.

Надзорниот одбор на ЕУ, исто така е загрижен поради тоа што некои држави-чланки користат нови овластувања, а тоа се: „привремено да ги ограничат испораките на гас, вклучувајќи го гасот од Русија и од Белорусија”. Таквите потези би можеле да влијаат на долгорочните договори  за  снабдување, договорени со Москва пред почетокот на нападот на Русија врз Украина 2022, а кршењето на таквите  спогодби за европските компани би значело плаќање високи суми пенали.

Како додатен знак за потенцијални тензии во ЕУ по прашањето на енергетската безбедност, Австрија, Унгарија, Чешка и Словачка предупредија дека германската такса за транспорт на рускиот гас од тие земји може да ги натера да го зголемат рускиот увоз.

Комисијата вели дека „унилатералнните национални мерки во вид на извозни ограничувања или такси на прекуграничните излезни точки ја доведува енергетската солидарност во опасност”.

Многумина стручњаци што се занимаваат со гасната политика предупредуваат дека Македонија е заобиколена од оваа историска фаза на енергетскиот стадиум што помина низ светот и затоа не може да мрдене во својот економски развој. Изградбата на основната, „големата“, гасна мрежа речиси е завршена, но за дистрибутивната никој нема абер кога ќе биде почната. Стручњаците велат дека тоа ќе биде мачен и долгорочен процес, особено при инсталацијата на ситната мрежа до домаќинствата, затоа што ќе се наиде на специфични желби и можности кај граѓаните, на различни цени и на различни човечки карактери. Освен тоа тие предупредуваат дека ерата на гасот поминува затоа што е фосилно гориво кое во догледно време ќе мора да се укине како извор на енергија. Зелената транзиција налага брза преориентација на обновливи извори. Македонија, во глобала, ја има преспиено гасната ера, евтиниот енергенс, со чија употреба развиените земји заштедија многу во инпутот и така нивните приозводи станаа конкурентни на пазарот. И вложувањето во обновливите извори на енергија е скапо, па така логиката наведува на заклучок дека кога нешто нема да се грабне кога треба, потоа е доцна и ќе чини многу повеќе отколку тоа да се решело на време.