Културната манифестација Ноќ на идеите (La Nuit des idees), која се слави во повеќе од 100 земји во светот, ќе се одржи денес и во Македонија.
Ноќта на идеите е меѓународен настан преку Интернет што се одржува истовремено во 103 земји на пет континенти и се состои од повеќе од 200 интервјуа, разговори и конференции на теми кои го преокупираат денешното општество.
Оваа година, покрај другите, ќе учествуваат германскиот филозоф Хартмут Роза, американската пејачка Пати Смит и режисерот Џим Џармуш.
Годинава манифестацијата се организира веќе шеста година по ред, со помош на Француски институт во Скопје - Institut français de Skopje, кој е дел од овој глобален светски настан.
Во фокус на изданието во 2021 година ќе биде пандемијата на COVID-19 вирусот. Во време кога санитарната криза нè принудува да го редефинираме нашиот однос кон животната средина и воедно ги доведува во прашање иднината на економијата во идното општество, Ноќта на идеите нè повикува, повеќе од кога било, на колективна размисла за светот по пандемијата на COVID-19.
Повеќе за настанот – ТУКА!
Идеја – пред се!
Еве што е добра идеја за време на пандемија. Бендот „Flaming Lips“ изненади со својот начин на одржување концерт во Оклахома.
Тие организираа два настапи, каде присутните и музичарите го следеа концертот од ‘меури’ за да спречат потенцијално ширење на Ковид-19.