Нов вид на ултравиолетова светлина што може да спречи нова пандемија. Новиот тип на ултравиолетова светлина ги убива речиси сите микроби и може да помогне да се спречи избувнувањето на следната пандемија. Тестовите покажале дека светлината е безбедна за луѓето и дека се потребни помалку од пет минути за да се намали количината на микроби во воздухот за 98 проценти.

Американски експерти кои работеа на неговиот развој велат дека светилките може да се вградат во таваните и на тој начин да помогнат во чистењето на воздухот и да се спречи преносот на болести, како што се ковид или грип.

На овој начин би можеле да бидат избегнати и идни пандемии.

„Долгата УВЦ светлина брзо го намалува количеството на активни микроби во воздухот во просториите на речиси нула, што ја прави внатрешноста во суштина безбедна како и надворешниот воздух“, вели Дејвид Бренер, директор на Центарот за радиолошки истражувања на Универзитетот Колумбија.

„Со користење на оваа технологија на локации каде што се собираат луѓе, би можеле да ја спречиме следната потенцијална пандемија“, рече Бренер.

Долгата УВЦ светлина (222 нанометри) ефикасно ги отстранува патогените во воздухот во просториите на вообичаената кубатура, пишува во заклучокот од истражувањето објавено во списанието Nature.

„Лесно се монтира, не е скап и не бара од луѓето да го променат своето однесување и навики. „Она што е најважно, ова е безбеден начин да се спречи преносот на вирусот.

Сличен тип на светлина - UVC одамна е познат како добар начин за чистење на воздухот и се користи во одредени услови за убивање на микробите, како што се бактериите и вирусите. Сепак, не е безбеден за употреба во затворен простор бидејќи може да биде штетен по здравјето и да ја оштети кожата и очите.