Нови 180 милиони евра за надминување на кризата. Дел од обезбедената финансиска поддршка, 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните. Додека 100 милиони евра се од ЕИБ за евтини кредити за мали и средни претпријатија, соопштија од Министерството за финансии.
Нови 180 милиони евра за надминување на кризата
Вчера е префрлена втората транша од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.
Исто така, вчера Собранието го усвои законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки.
Корпоративниот сектор има потреба од поддршка
Според соопштението, корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солвентноста во време на криза, особено кај контакт-интензивните индустрии. Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин, очекувано ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата.
Патем, неопходно е да се продолжи со поддршката на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата, смета Министерот за финансии. А тоа особено го потенцира во својата колумна „Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација“.
Во текот на овој месец треба да се потпише и финансискиот договор со ЕИБ за ставање во функција на овие 100 милиони евра. Средства кои се наменети преку евтини кредити за финансирање мали и средни претпријатија.
Македонија ги исполни условите за добивање на средствата
Уплатените 80 милиони евра од Европската комоисија за Македонија се дел од помошта од три милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ. Ова всушност е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош наменети за нашата држава.
Освен за Северна Македонија, 50 милиони евра помош ќе биде испратена за Косово. Околу 30 милиони евра за Црна Гора како и 300 милиони за Тунис.
Европската Комисија потврди дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша. А, овие услови вклучуваат зајакнување на фискалното владеење и транспарентност. Потоа, борбата против корупцијата. Подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата. И секако справување со невработеноста на младите.