Новиот ЕУ Закон за дигитални пазари -проемни и во користењето на мобилните телефони. Европската унија го објави Законот за дигитални пазари – нова регулатива која, кога ќе стапи на сила, има за цел да го поправи она што заедницата го гледа како „нерамнотежа во технолошкиот екосистем“.

Новиот ЕУ Закон за дигитални пазари -проемни и во користењето на мобилните телефони.

Донесувањето на законот ќе донесе неколку промени во начинот на кој потрошувачите ги користат своите апарати.

Сободен избор на услуги


Одредбите може да вклучуваат и меѓусебно комуницирање на Watts-up, Facebook и Messenger за да им се олесни на корисниците полесно да се снаоѓаат.

Комисијата тврди дека ова на корисниците ќе им даде поголем избор за тоа која апликација да ја користат, бидејќи ќе можат да „разменуваат пораки, да испраќаат датотеки или да остваруваат видео повици во различни апликации за пораки“.

Можно е ова да се прелее и на социјалните мрежи, иако оваа опција ќе биде подетално проценета во иднина.

Исто така, ќе се осигура дека комбинацијата на лични податоци за насочено рекламирање е дозволена само со „експлицитна согласност“ на корисникот.

Технолошките компании ќе бидат ограничени на тоа колку пати ќе можат да бараат согласност откако ќе биде повлечена или одбиена - за да избегнат испраќање спам.

Постои барање со кое „ќе им се овозможи на корисниците слободно да го изберат својот прелистувач, виртуелни асистенти или пребарувачи“.

Другите предлози, кои се во сила од декември 2020 година, го вклучуваат правото да се деинсталира претходно инсталираниот софтвер од уредите, како и фактот дека компаниите не можат да ги користат нивните платформи за да ги стават своите производи на прво место.

Големите технолошки компании постојано беа погодени од обвинувања за антиконкурентни практики.


На крајот на 2020 година, неколку европски земји поднесена тужба против „Гугл“ за „антиконкурентно однесување, практика на исклучување и лажно претставување“, што „Гугл“ го негираше.

Минатата година, Управата за конкуренција и пазари соопшти дека ќе ја испита продавницата за апликации на Apple за да ја утврди „неправдата“ дека единствениот начин за пренос на софтвер на iPhone е преку сопствената платформа и да се осигура дека Apple зема процент од секое купување“.

„Apple одговори дека нивната продавница е „безбедно и сигурно место за корисниците да преземаат апликации што им се допаѓаат и одлична деловна можност за програмерите ширум светот“.

Законот ќе го промени дигиталниот пејзаж каков што во моментов го познаваме


Унијата размислуваше и за казни. Доколку компаниите не ги почитуваат правилата, Комисијата може да ја казни со десет проценти од вкупниот приход од претходната година - и да ја удвои на 20 проценти ако продолжи да го прекршува законот.

Но, новото решение првенствено е насочено кон големите „играчи“, а не кон малите компании.

„Законот ќе го промени дигиталниот пејзаж каков што во моментов го познаваме. Особено за компаниите со среден пазар. Тоа ќе ја отвори вратата за нови пазари и поповолни можности, а кога законот ќе стапи на сила, средните компании ќе можат да ги искористат придобивките од овој нов дигитален простор“, изјави Марко Карлици, раководител на правниот сектор во РСМ „Легал Груп“.

Законот се очекува да стапи на сила до октомври оваа година, откако ќе биде објавена конечната верзија.