На 8 октомври 2024 свечено се отвори Медиумско иновативниот центар во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Студентите по новинарство за прв во историјата на постоењето на овие студии добија комплетно опремен простор за продукција на сите видови медиумски продукти. Центарот располага со професионално студио во кое студентите по новинарство преку практична работа ќе стекнуваат професионални вештини за медиумската индустрија и новинарството. Студиото ќе биде отворено за сите иницијативи и од другите студенти на УКИМ. Обуките ќе ги спроведуваат професионални новинари.
Медиумско иновативниот центар е резултат за заеднички проект помеѓу Правниот факултет при УКИМ и Факултетот за новинарство, медиуми и комуникации - Волтер Кронкајт при државниот универзитет во Аризона и е подржан од Американската амбасада во Скопје.
- Ова е проект кој е посветен на унапредување на медиумското образование. Проект кој дојде во времето кога ние самите сериозно размислувавме што да правиме со новинарските студии. Новинарските студии одат надолу, нема интерес за нив. Јас сум сигурен дека преку центарот на идните генерации ќе има понудиме практична работа со учество на наши посветени пријатели, професионални новинари кои ќе ни помагаат да ги унапредуваме студиите. Целта на проектот е поширока, преку работата на центарот да ја покренеме свеста за значењето на новинарската професија, истакна во поздравниот говор при отворањето на студиото Сашо Ѓеоргиевски, Деканот на Правниот факултет, „Јустинијан Први“ – Скопје.
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, истакна дека еден од клучните аспекти на поддршката на САД, покрај правосудството, се медиумите. Таа повика студентите да бидат менторирани проактивно.
- Сите знаеме дека новинар посветен на вештини и знаење е неопходен. Добро новинарство е нешто што сите можеме да го препознаеме. Структурите и платформите на медиумите се сменети драматично од 60-70 тите години наваму Сега луѓето ги следат новостите преку инфлуенсери, наместо преку екперти. Секој може да постира приказна онлајн и тоа да го нарече вест, но тоа не ја прави релевантна. Преку ова студио, ќе се креираат профили на новинари и ќе се инспирираат идните генераци и тие што се посветени да бидат пример за вистинито и транспарентно известување, рече амбасадорката.
Новоотвореното студио ќе биде место каде студентите ќе можат да ги испреплетат традиционалните вештини со најновите технологии и да создадат стории кои ќе се доближат до публиката. Ќе анализираат огромни количини на податоци за да откријат скриени вистини и ќе експериментираат со нови формати кои ќе го редефинираат начинот на кои ги конзумираме вестите. Вака смета Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на Македонија.
Ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Билјана Ангелова, смета дека имајќи го предвид фактот дека новинарите се креатори на јавното мислење, неопходно е професионално новинарство, кое што ќе биде транспарентно и отчетно.
„Точно тоа го имаме во новинарското студио на Правниот факултет. Едукацијата и обуките на новинарите се важни за да можеме да ги зајакнеме овие капацитети во континуитет, да ги поучиме студентите на иновациите во медиумите, а тоа се дигиталното и истражувачкото новинарство, анализата на податоци, анализата на извори на податоци и ригорозноста на селекција на податоците до кои доаѓаат новинарите. Само при користење релевантни податоци можеме да кажеме дека има професионално новинарство“, нагласува Ангелова.
Гостинката Дон Гилпин од Државниот универзитет во Аризона, Волтер Кронкајт школо за новинарство и масовни комуникации сподели дека во денешницата е неопходно да ја разбираме техологијата.
„Ако не ги разбираме технологиите тогаш ќе им служиме на луѓето кои ги разбираат и користат. Продукти како овој и целата програма што се случува се клучни за градење силно општество. Значајно е за факултетот кој ќе ги користи овие технологии за унапредување на учењето. Овој центар ќе служи како сврзно ткиво помеѓу Универзитетот, професионалните новинарски капацитети и јавноста, рече таа.
Раководителката на Центарот за иновации во медиуми, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Јасна Бачовска Недиќ, го раскажа процесот на создавање на студиото и сподели дека првата цел, како што рече, е дополнување на новинарските студии, а втората привлекување на нови студенти.
- Ќе ја задржиме европска традиција на теорија, но ќе ја засилиме со американската теорија на вештини, истакна професорката.