NVIDIA е клучен играч во индустријата на полупроводници и технологија, поради водечката улога во вештачката интелигенција (AI) и производството на графички процесори (GPU). Нивните AI технологии и GPU-ови се од витално значење за дата центри, cloud услуги и апликации за машинско учење, што ја прави NVIDIA неизбежна за трговците. Оваа година компанијата се соочи со трговски тензии и зголемена конкуренција, но истовремено објави вести за нови продажби на чипови и соработки со големи компании.

Индустријата на AI и NVIDIA
AI стана новата голема тема на Волстрит. Индустријата на вештачка интелигенција продолжува со огромен раст, со проекции за пазар од еден трилион долари до 2034 година, објави Fortrade International. Пазарот на AI чипови забележа силен раст во 2024 година и продолжува и годинава, што ја истакнува критичната улога на компаниите за полупроводници како лидерот NVIDIA во трансформацијата на работните места и животите на многу луѓе.
Улогата на NVIDIA во AI
Влијанието на NVIDIA во AI опфаќа хардвер, софтвер и развој на екосистем. Хардверот ги вклучува најновите AI модели базирани на Hopper архитектурата и новата серија GPU-ови GeForce RTX 50. Софтверските платформи (Omniverse итн.) им даваат на развивачите алатки за креирање AI апликации. Компанијата соработува со технолошки гиганти како Amazon и Microsoft во роботика и напредно компјутерство. NVIDIA соработува со Sony и Samsung преку нивните забавни системи и исто така се користи од производители на автомобили.
NVIDIA и „ФРЕНЕМИ“MICROSOFT, GOOGLE, META, AMAZON, AMD
NVIDIA е уникатно позиционирана како конкурент и соработник на други големи технолошки компании. Google, веќе клиент на NVIDIA, најави трошок од 75 милијарди долари за AI инфраструктура. Microsoft, Meta и Amazon направија големи нарачки за чиповите H100 и Blackwell за тренирање на своите AI модели, што изнесува стотици милиони долари приход. Ова ја поставува компанијата во центарот на AI револуцијата, иако конкуренти како AMD и ARM се обидуваат да ја намалат предноста.
NVIDIA ВО 2025: Позитивни договори и предупредувачки фактори
Перформансите на NVIDIA во 2025 година се обликувани од комбинација на ветувачки фактори за раст и предизвици. Во мај NVIDIA склучи партнерство со Саудиска Арабија која купи стотици илјади NVIDIA GPU-ови. ОАЕ најави купување на околу 500.000 AI чипови. Во септември NVIDIA и OpenAI објавија партнерство, при што NVIDIA обезбедува системи за AI инфраструктурата на OpenAI.
NVIDIA продолжува со лансирање на следната генерација GPU-ови и AI чипови кои ги надминуваат конкурентите. Односите меѓу САД и Кина претставуваат предизвик. Кинескиот стартап DeepSeek на почетокот на годината покажал слични перформанси на AI модели како ChatGPT користејќи постари NVIDIA чипови.
NVIDIA се соочува и со зголемена конкуренција од производители на чипови како AMD и Intel. Оваа година NVIDIA соработуваше и со Disney и Google на проекти за хуманоидна роботика. Компанијата соработува со General Motors на AI за возила од новата генерација и најави развој на AI поддржана 6G мрежна опрема со Cisco и T-Mobile.
Перспективи за резултатите
Резултатите на NVIDIA за третото тримесечје ќе бидат објавени во средината на ноември и ќе бидат внимателно следени. Се очекува компанијата да објави приход од неколку милијарди долари. Голем дел од вниманието ќе биде на коментарите на извршниот директор Хуанг. Тој може да даде повеќе информации за понатамошни партнерства, усвојување на GPU-ови, проширување на нови пазари и потенцијални нови производи. Може да зборува и за идни прогнози и стратегијата на NVIDIA во трговијата во услови на ризици од тарифи.
GTC AI конференција
На AI конференцијата NVIDIA објави партнерство со Uber и го претстави новиот AI суперкомпјутер NVIDIA DGX. Извршниот директор Џенсен Хуанг исто така најави дека компанијата ќе изгради седум суперкомпјутери за Министерството за енергија на САД и доби 500 милијарди долари нарачки за напредни чипови. Хуанг изрази загриженост дали компанијата ќе може да продава AI чипови на кинескиот пазар поради трговски тензии. Хуанг ќе се сретне со претседателот Трамп ден пред Трамп да се сретне со претседателот Кси, што укажува на значењето на компанијата.
NVIDIA останува клучен играч во AI револуцијата, со хардверот и софтверот што ги испорачува на најголемите технолошки компании во светот. Сепак, предизвиците во 2025 година, вклучувајќи трговски војни и конкуренција, остануваат присутни. Долгорочните перспективи се силни, но краткорочната волатилност може да продолжи додека не се потпише трговски договор со Кина.