Во петокот, Ниш беше регионален епицентар кога станува збор за бизнисот кој ги поврзува малите и средни претпријатија, каде се презентираше првиот проект за секторот од земјите иницијатори на „Отворен Балкан“, вклучувајќи ја и Бугарија како членка на Европската унија. Целта беше да се презентира платформата за регионално деловно поврзување на малите и средни претпријатија. На настанот се обратија претставници од сите вклучени држави во овој проект, кој промовира интегрирање и развој со кој се овозмоува заеднички пристап и потенцијално вмрежување, кое е глобално успешно, но досега непознато за бизнис секорот во регионот. 

Се издвојува по тоа што се најавува дека ќе биде единствена софтверска онлајн компаративна анализа, со поединечни финансиски и други показатели на работењето на фирмите. На овој начин се овозможува на нив да проценат својата нематеријална вредност, како и комерцијалната репутација. Досега овие можности ги имаа само големите компании и акционерските друштва, иако во регионот бројот на мали и средни претрпијатија изнесува 92 насто. 

Еден од основачите на оваа платформа кој доаѓа од Македонија, Александар Георгиевски, се надева дека платформата ќе започне да функционира од први декември. Платформата, како што посочи содржи три фази. 

„Првата фаза ја опфаќа дигитализацијата и отворените податоци, односно да се овозможи утврдување на вредностите од тие агрегатни методи. Едноставно кога е овозможена компарација на претпријатијата во која било област и нивниот просек на активност, тогаш вие ја знаете нивната пазарна репутација. Тоа е почеток на едно софтверско решение кое кое треба да го овозможи овој процес. Секоја фирма ќе добие свој профил. На почеток дури и бесплатен два месеца, за да се овозможи пристап до сите тие дата податоци. Бидејќи што повеќе имате членови на тие платформи тогаш и вредносите се поточни и попрецизни“, посочи Георгиевски. 

Втората фаза треба да настапи два месеци по завршувањето на првата фаза. Станува збор за инвестициски центар, кој како што објасни Георгиевски, ќе биде налик филмот  „Волкот од Волтстрит“, каде буквално е претставено како ова е замислено да функционира. 

„Друг начин не постои. Бидејќи ние малку земаме од дијаспората. Дијаспората е трета фаза, бидејќи таа претставува главен инвестициски центар каде ние можеме и да очекуваме поддршка на Балканот. Сето тоа треба да го започне активниот пазар и инвестицискиот центар. Промоции ќе правиме и во Њујорк, Торонто и други места. Ако помогнат државите добро, ако не - тогаш сами ќе настапиме. Приказната е во тоа што дигитализацијата овозможува легитимно во 140 земји во светот пристап до капиталот. Се надевам дека ние ќе бидеме тие пионери кои тоа ќе го овозможиме“, вели Георгиевски. 

Цел на регионалната развојна компанија „SEB Global Group“ од Бугарија, која и ја промовираше оваа региоанлна платформа во Ниш, а ги вклучува земјите од „Отворен Балкан“, е да го прошири опсегот на својата понуда за релативно краток период (од почетокот на 2023 година). Со лансирањето на т.н. „Активен пазар“ и „Инвестициски центар“, компанијата ќе ги понуди светски познатите деловни можности, различни современи методи и извори на финансирање, како и низа светски познати алатки за успешен бизнис на малите и средните претпријатија, кои сè уште се главно непознати за земјите од Балканот.

https://antoris.kmtest.eu/a/v/balkanskite-mali-i-sredni-pretprijatija-ke-se-povrzuvaat-preku-nova-regionalna-platforma