Барањето виновник за загаденоста на градот во граѓаните, кои се греат на дрва и во автомобилите, е заведување на трагата кон помалите виновници, а не кон вистинските и главните. Вистинските виновници седат во фотелјите на институците и тоа на високи места.
Да, и оџаците загадуваат и палењето гуми и ауспусите на возилата, но сето тоа има своја генеза има жална и мизерна приказна за градот.
Овој град не е тој што го знаеме од пред земјотресот и по него (1963). Скопје се протегаше од легендарната рампа- Кисела Вода до денешно „Симпо“, а откарши беше кафеаната „Мал Одмор“, можеше пешки да се помине преку Центарот за 20-тина минути лесен од. Од таа „граница“ („Симпо“ – „Мал одмор“) до Тетово се простираа плодни ниви. Сегашната „Партизанска“ беше „џаде“ - една асфалтирана улица на која едвај можеа да се разминат две коли, немаше тротоари, беше типичен регионален пат. Но, Скопје беше чисто и убаво мирисаше. Имаше фабрики: Стаклара, Цементара, Кожара, ОХИС, Желзара, Карпош, Фас 11 Октомври, Железницата... сите работеа и во нив итаа илјадници работници во раните зори, оџаците чадеа и немаше загадување, сите беа среќни и насмеани.
Но, по распадот на Југославија, Македонија доживеа пљачка одвнатре, регилирана од страна на своите законодавци, од тие што ги избра во собрнаието да ги претсавуваат. Тие го донесоа Законот кој им овозможи на потомците на „црвената буржозиија“ безмилосно да го грабнат богатството, за потоа по него да трчаат по судови тие на кои им беше одземено. Беа затворени сите фабрики во Скопје и во другите градови. Сите потрчаа во Скопје, што од мака, што од притисок, што терани од провинцискиот комплекас на провинцијалност, конечно да го освојат галвниот град, и да се стекнат со титулата „скопјанец“, мислејќи дека така во нив ќе потече благородничка крв.
Така Скопје почна да се трупа, да се шири и да се загадува.
Еколозите, што укажуваа на последиците, се третираа како некое маргинално движење, како пејачко друштво, како збир на некои „шајшутки“ што не знаат што да прават со времето, па само ламентираат нешто за ѓубрето.
Виситнската причина не е огревот на граѓаните, туку грабањето на градежнот простор и одемањето на зеленилото од градот и претворање во бетон и тула. Насилно влагање во државните и во природните закони, според кои се знае колку зеленило му е потребно на еден човек за биолошки да опстане. Скопје не само што е најзагаден град во Европа, па и во светот, по сите статистики е град со најмалку зеленило по глава на жител.
Ден-денс се градат згради во секое дупче. Сите се чудат за кого се градат и зошто се градат, кога податоците покажуваат дека повеќе од половина се празни. Економската логика доведува до заклучок дека луѓето инвестираат во недвижнини, но мора да се стави крај, зашто просторот веќе не може да го издржи товарот. Вистинско чудо е како таа земја ја крепи таа тежина на мал простор, однсно како досега не пропаднала, особено населбите на Водно.
Најголема еколошка штета на Скопје му се нанесе со ужасниот и непромислен т.н. проект „СК 2014“ со чија реализација команадувше еден човек и наредуваше да се гради таму кај што ќе му фати нему окото.
Тоа е прилчината за загаденоста на Скопје, ограничувањето на циркулацијата на воздухот, прегревањето, на ненормално големата бетонска плоча летно време.
Огромните милиони тони отпад што го исфралаат новите сопственици на становите, кои не ги оставиле своите навики во провинцијата, туку ѓубрето го фрлаат преку прозорец, или преку тераса, е причина да се зголени бројот на мувите, на другите инсекти и на глодари, издувните гасови на возилата што немаат каде да ги паркират, па ги „бутаат“ во зеленилото, итн. Водно, нашата скопска планина е нападната и одамна не може да ги задоволи потребите за производсто на чист воздух.
И попкрај затворањето на фабриките, градот стана најзагаден.
Многу голем број од денешниве млади не веруваат дека Скопје беше еден од најубавите градови во тогашна Југославија. Со широки булевари, со широк кеј и со големо количество зеленио во центарот на градот, околу плоштадот, на булеварот „Св. Климент Охридски“ и тн.
Не се презема ништо бројот на жртвите од загадениот воздух да се намали, кој изнесува неколку илјади животи и заболувањеа што го оптоваруваат здравството. Ако не се презмеа ништо тогаш власта е соучесник во масовното труење на своето население. Има закон, има обвинителство, има судови!
Работата е што градските навики се суспендирани и што во институциите во кои се одлучува за квалитетот на и функционирањето на градот нема кој да каже како. Сета таа „учена“ фела е излезена од квазиуниверзитети, кои на Шанјгајската листа воопшто ги нема и од УКИМ, кој во моментот се наоѓа на 1987 место од рангирани 2000 универзитети на таа листа. Но, пак ќе нагласиме, има и стари урбанисти и архитекти живи и болни од тоа што го гледаат, но никој не ги прашува, науката е едно , а политиката и лакомоста е сосема друго.