Поради фалсификувани производи и пиратерија, земјите од ЕУ губат до 15 милијарди евра годишно. На ниво на Европската унија, фалсификуваните производи сочинуваат речиси седум отсто од сите производи увезени од трети земји.
Хрватската Царинска управа лани евидентирала влез на 635 фалсификувани производи во вредност од над четири милиони и 200 илјади евра.
Европските компании губат милијарди поради фалсификувани производи. Купувачите често наоѓаат стока на Интернет, главно несвесни дека прават прекршок со купување фалсификувана стока. Потрошувачите купуваат фалсификувани производи главно затоа што оригиналот им е прескап.
Третина од Европејците го сметаат овој мотив за прифатлив, меѓу младите овој удел се искачува на дури 50 проценти.
Истражувањето на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија покажува дека само девет отсто од Хрватите претпочитаат да изберат копија. Финците имаат најмала веројатност да купат плагијат. Просекот на Европската унија е 13 отсто, а фалсификатите најмногу се купуваат во Бугарија, Шпанија, Ирска и Луксембург.
- Кога станува збор за фалсификувана стока, откривме дека 5,8 отсто од вкупниот увоз во Европската унија се фалсификувани стоки, што е 120 милијарди евра годишно. Тоа не го прават аматери, туку професионални организации, вели Нејтан Вајсман, главен економист во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија.
Истражувањето покажува и дека за секој трет Европеец е прифатливо да се купува фалсификувана стока доколку цената на оригиналот е превисока, а така мислат дури половина од потрошувачите на возраст од 15 до 24 години.
Главниот извор на фалсификати и понатаму е Кина, пренесува ХРТ. Тука спаѓаат модни додатоци, луксузни производи, компјутери, козметика, лекови... Лекови никогаш не купувајте онлајн, бидејќи состојките не се проверени. Не може да се знае бројот на фалсификати на пазарот. Тоа е сива бројка. Она што го знаат во Хрватска е дека минатата година нивната Царинска управа евидентирала влез на 635 фалсификувани производи. Вкупната вредност е повеќе од четири милиони и 200 илјади евра.
Најчесто фалсификувани брендови
Меѓу 10-те најчесто фалсификувани луксузни предмети според истражувањето на „Јаху фајненс“ се вбројуваат:
- - Паричници и чанти „гучи“
- -Парфем „шанел“
- -Чанти „луј витон
- -Облека „барбери“
- -Очила за сонце „рејбан“
- -Епл ерподс -„Епл“ е најфалсификуваниот технолошки бренд во светот.
- -Часовници „ролекс“
- -Накит и часовници „картие“
- -Чанти „хермес“
- -Накит „тифани енд ко“