„Yes for Less“ и „Камп“ се социјални претпријатија чија претприемничка припазна допрва започнува да ги издига темелите. Една од основачките на „Yes for Less“, Катерина Илијовска, вели дека започнале како неформална група со инстаграм страница, за подоцна, замислата да ја преточат во бизнис идеја. 

„Целта е да основаме онлајн платформа заснована на еко заедница каде луѓето од сите возрасти ќе можат да најдат еко производи и услуги од македонски еколошки локални бизниси. Освен тоа ќе има и блог дел каде ќе има едукативни содржини каде ние ќе пишуваме и други соработници за како може да живееме поодржливо и како може да ги промениме секојдневните навики да станат поеколошки“, вели Илијовска.  

На прашњето каде биле пред една година, а каде се сега, со насмевка одговара „пред една година бев вработена, а пред еден месец дадов отказ“. Нивната веб страница е во фаза на изработка и за неа тоа претставувало совршен момент за да даде отказ и да се посвети на разработка на концептот додека да се финализира веб платформата. 

„Ние го отворивме инстаграм профилот пред 2 години како хоби. Целта беше да го споделиме знаењето што го добивме додека студиравме во странство со македонската публика. Немавме помислено дека можеме да го претвориме во бизнис. Кога се има идејата во глава цело време размислувате како тоа да се аплицира во реалност. Едно од најкорисните работи е да се слушне личното искуство од други претприемачи. Многу често во Македонија се мисли дека за да отвориш бизнис треба многу пари или големо знаење, или пак, факултет од бизнис сферата. Кога ќе слушнеш дека обични луѓе успеале, дава огромна мотивација дека идејата може да успее. Контактите се исто така многу битни“, смета Илијовска.  

Автентична приказна за споделување како идејата за која во старт се мисли дека е невозможна, а сепак, може да се раализира, ја имаат штипјаните Ана Марија и Бојан. Идејата се зачнала на организирана планинарска тура на која присуствувале и двајцата и ги размениле првите размислувања. Иако не верувале дека можат да добијат поддршка за развој на нивниот концепт, сепак, на крај, нивниот сон ќе стане реалност.  

„Работевме анализи на пазарот, бидејќи навистина не знаевме како да се пласираме. Ние во Македонија ретко зборуваме за финансии, буцетирање за правилно планирање и тоа ни беше корисно да го направиме за да можеме да се одржиме на долг рок“, вели Андонов.  

„Камп“, всушност ќе биде првата градинка во природа во Македонија. Нивната мисија е да ги научат најмалите во општеството за здравиот начин на живот, за секојдневната физичка активност и зачувување на природата. 

„Го видовме овој концепт во балтичките земји. Гледавме како совршено функционира, иако, таму времето во споредба со нашите стандарди е лошо. Си рековме ние во Македонија имаме поубаво време, зошто да не пробаме да го направиме тоа кај нас. Во почеток имавме идеја, но, не бевме формално. Така се споивме со Бојан. Подоцна, бевме и во посета на Албанија. Имавме можност да видиме целодневен капм за деца во градчето каде што бевме сместени. Ни беше добра инспирација и пример што би се случувало кога ние ќе започнеме. А тоа е разликата со возрасти на децата, кое колку разбира, целата бучава што се случува наоколу. Да можеме да ги видиме проблемите со кои ние ќе се соочуваме. Целата природа ни беше инспиративна за да видиме како тоа може да го споиме кај нас. Има игри и актиновсти кои подобро функционираат во природа отколку на затворено“, вели Ана Марија Павлова.  

Социјалното претпријатие има главна цел да оствари општествено влијание, а не само профит за сопствениците, основачите или акционерите. Социјалното претпријание нуди производи и услуги на пазарот на претприемачи и иновативен начин, го употребува стекнатиот профит пред се за да постигне општествено влијание. Менаџирањето на социјалното претпријатие е на одговорен и отчетен начин, преку вклучување на вработените, потрошувачите и сите страни кои се засегнати од неговите комерцијални активности.