Суровата нафта е крвотокот на глобалната економија и е обликувана подеднакво од политиката и одлуките, како и од понудата и побарувачката. И покрај геополитичките закани за снабдувањето, цените на нафтата беа под притисок во 2025 година, бидејќи нафтениот картел ОПЕК го зголеми производството, а трговските грижи ширум светот ја намалија глобалната побарувачка. Како што се појавуваат нови кризи, важно е да се запамети дека движењата на цените на нафтата најчесто се резултат на комбинација од фактори, а не на еден единствен проблем.

 

Ќе ги промени ли своите политики ОПЕК годинава?

ОПЕК игра клучна улога во управувањето со глобалното снабдување со нафта. Неговата декларирана цел е да го балансира глобалниот пазар на нафта. Го сочинуваат големи производители на нафта, вклучувајќи ја Саудиска Арабија како де факто лидер, како и многу други земји од Блискиот Исток. Кон крајот на 2016 година, Русија се приклучи на OPEC+ како земја што учествува во одлуките на ОПЕК. Заедно, картелот учествува со околу 40% од глобалната понуда, што значи дека неговите одлуки веројатно ќе влијаат врз цените на нафтата.

OPEC+, како што пренесуваат медиумите се состана виртуелно на 4. Јануариоваа година за да ги разгледаат условите и изгледите на глобалниот пазар. Клучните производители се согласија да го задржат производството непроменето, продолжувајќи ги постојните ограничувања на понудата во првиот дел од годината. И покрај глобалните политички тензии oсумте земји, имено Саудиска Арабија, Русија, Ирак, ОАЕ, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман потврдија дека 1,65 милиони барели дневно може да се вратат делумно или целосно, во зависност од еволуирачките пазарни услови и постепено, објавија на својата страница.

Земјите ќе продолжат внимателно да ги следат и проценуваат пазарните услови, а во нивните континуирани напори за поддршка на стабилноста на пазарот, тие ја потврдија важноста од усвојување на претпазлив пристап и задржување на целосна флексибилност за продолжување на паузирањето или враќањето на дополнителните доброволни прилагодувања на производството, вклучувајќи ги претходно спроведените доброволни прилагодувања на 2,2 милиони барели дневно објавени во ноември 2023 година.

 Овој пристап го одразува фактот дека цените нагло паднаа минатата година и дека OPEC+ е претпазлив да додава повеќе нафта на пазар кој не покажал дека може да ја апсорбира. Задржувањето на стабилноста избегнува дополнителен притисок врз цените.

 Дали ОПЕК ќе ја промени политиката годинава?

Засега, изгледа дека нема. Но тоа не значи дека политиката нема да се промени во текот на годината. OPEC+ јасно стави до знаење дека идните одлуки ќе зависат од тоа како ќе се развиваат побарувачката и залихите (понудата). Доколку залихите продолжат да растат и цените останат под притисок, построги ограничувања повторно би можеле да влезат во фокус. Од друга страна, ако глобалната економија порасне и побарувачката за нафта значително се зголеми, тоа би ѝ дало на групата повеќе простор да го олесни производството подоцна оваа година. OPEC+ изгледа решен да биде реактивен, а не проактивен. Картелот не се чувствува доволно силен за да се обиде активно да го помести пазарот.

 Цените на нафтата во фокус

По операцијата на американските сили во Венецуела и апсењето на нејзиниот претседател Мадуро, насловите веднаш го привлекоа вниманието на пазарот, со оглед на тоа што Венецуела располага со едни од најголемите резерви на нафта во светот. Непосредната реакција при отворањето на пазарите во понеделник беше пад на цените на нафтата, по што следуваше раст. Несигурната, но волатилна реакција на пазарите не е изненадувачка, имајќи предвид дека и Венецуела и Соединетите држави сакаат да го зголемат производството на нафта. Фактот дека американската операција беше ограничена и не го загрози снабдувањето со нафта повеќе отколку што веќе беше погодено со запирањето на движењето на нафтените танкери во регионот во последните недели, дополнително ја зголеми неизвесноста.

И Иран како производител на нафта последните денови се соочува со масовни протести кои се закануваат да го дестабилизираат режимот. Земјата моментално е под нафтени санкции и на краток рок нестабилноста може да го загрози снабдувањето со нафта. На подолг рок, потенцијална нова влада би можела да доведе до укинување на санкциите и зголемување на понудата на нафта.

Очекувања  

Тековното гледиште е дека пазарите на нафта ќе останат донекаде презаситени, иако тоа може да се промени. На краток рок, малку е веројатно дека нафтата ќе се движи силно во една насока, иако геополитичките шокови може да предизвикаат краткотрајни, драматични скокови. Сепак, доколку глобалната економија ги надмине очекувањата и, на пример, трговските грижи се стават на страна, може да видиме раст. Но знаци на трговски конфликти и економско забавување би можеле да доведат до стагнација на цените на нафтата.

Осумте земји на ОПЕК+ ќе одржуваат месечни состаноци за да ги разгледаат пазарните услови, усогласеноста и компензацијата. Осумте земји ќе се состанат на 1 февруари 2026 година